Плаќањето и купувањето на интернет се безбедни, ризикот е при нарачка од небезбедна веб страница. Потрошувачите нема да бидат злоупотребени доколку купуваат од е-трговци што ги исполнуваат сите норми, а знакот кој укажува и по кој може да се препознае безбедна веб страница е https://. Законот ги штити потрошувачите и е-купувачот има свои права, но само од легална веб продавница. Дека е безбедно купувањето и плаќањето уверуваат и од банките и од Асоцијацијата за е-трговија.
Од Асоцијацијата е-трговија за МИА велат дека безбедноста во е-трговијата е навистина на високо ниво.
Ако земеме од аспект на е-плќање, платежните процесори посветуваат големо внимание на безбедноста. Се користат енкритпирани податоци, како и 3D Secure code (MasterCard Secure Code и Verified by Visa). Работата на платежните процесори е контролирана од меѓународните картични организации и тоа е еден од условите за да се добие, но и задржи лиценцата на процесорот. При воспоставување интероперабилност на софтверот за нарачки на интернет трговецот и софверот за плаќање на платежниот процесор се внимава на стандардите за размена на податоци и безбедноста на истите, односно е-трговецот нема пристап до податоците од картичката со која се врши плаќање, истакнува за МИА Виктор Стојкоски, генерален секретар на АЕТМ.
Прочитајте ја целата вест на Bankarstvo.mk.
