Македонците во се поголем број ја бараат надвор своја среќа кога се работи за кариерата, а некои од најчестите земји се Германија, Малта, Австрија и Швајцарија. Четврта година по ред, токму Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот кога станува збор за привлекување и грижа за квалификувани работници.
Швајцарија доби пофалби за својот висококвалитетен образовен систем и фокусот на таленти, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и солидни плати. Во Швајцарија се цени секоја работа и работник без разлика од каде доаѓа и при тоа е материјално се мотивираат за уште поголема ангажираност. Ова се причините што се повеќе Македонци се обидуваат да се населат во Швајцарија и таму да ја продолжат својата кариера.

На второ место се најде Данска благодарение на еднаквите можности кои ги нуди данското општество, а третото место му припадна на Луксембург поради постојаните инвестиции во работната сила во последниве години, пренесува Bankar.me.
Еве ги првите 10 земји на листата која опфати 63 различни пазари: Швајцарија, Данска, Луксембург, Исланд, Шведска, Австрија, Норвешка, Канада, Сингапур и Холандија. САД е рангирана на 15-то место, веднаш позади Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван е на 20-то, а Велика Британија на 23-тата позиција.
На дното се Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на листата