Промовирани огласи »

Сите работници постари од 64 години одат во пензија до крајот на 2021

Исклучок ќе има само во две професии!

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи влезе во Собранието, според кој сите работници, освен докторите од јавното секундарно здравство и професорите од високото образование, постари од 64 години ќе мора да се пензионираат до 31 декември 2021.

За поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2020 година се применуваат одредбите од Законот за работните односи. Договорот за вработување од ставот 1 на овој член важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 31 декември 2021 година“, се вели во измената во членот 104 кој го регулира одењето во пензија.

Се изменува и Законот за здравствена заштита со кој здравствените работници ќе може на 64 години да го продолжат договорот и да работат до 67 години, но само во јавна здравствена установа која врши здравствена дејност на секундарно ниво, продолжувањето на договорот се врши еднаш годишно, а потпис ќе треба да стави и министерот за здравство.

Се менува и Законот за високо образование каде што професорите исто така ќе можат да одат во пензија на 67 години, со годишно продолжување на договорот од управителот на високообразовната установа.

Ќе има промени и во членот 174 од Законот за внатрешни работи каде што досега постои можност работник на Министерството за внатрешни работи да поднесе писмена изјава за да му се продолжи договорот за вработување и да работи најмногу до навршување на 45 години пензиски стаж, без оглед на неговите години на возраст.

Сега се предлага да се укине можноста за поднесување на такви писмени изјави и на тој начин работникот задолжително ќе се пензионира со навршување на 40 години пензиски стаж без постоење на законска можност за продолжување.

Промовирани огласи »

Денот на самците 11.11 (единаесетти ноември) се одбележува од 1990г., како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот. На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет. Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба направила вкупна продажба од над 38 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

И оваа година, оваа среда 11.11, празникот ќе земе замав и кај нас. Најголемиот бренд за малопродажба на апарати за домаќинство “Нептун” организира голема акција по повод овој светски настан. Акцијата “AЈДЕ, само еден ден 11.11” ќе нуди огромни попусти и супер понуди од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Акцијата ќе важи за купување во “Нептун” продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Ајде, Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во шопингот!

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Ќе се зголеми ли повторно цената на струјата?

Ќе има ли уште еден удар врз џебот на граѓаните?

Ќе поскапи ли струјата поради прекинот на производство од хидроцентралите? Недостатокот ќе се обезбедува од увоз, се додека условите не се нормализираат. Од државните електрани велат сеуште е рано да се формира нова цена, до крајот на годината ќе важи постојниот шестмесечен договор помеѓу ЕСМ и Универзалниот снабдувач. За првите три месеци од наредната година, цената ќе се знае до средината на декември.

,До 31.12.2020год. на сила е 6 месечниот договор со Универзалниот снабдувач, и струјата од страна на ЕСМ ќе му се испорачува по цената која ЕСМ ја даде на тендерот распишан од У.Снабдувач. Берзанските цени на струјата за првото тромесечје во 2021год ќе бидат познати на 15.12.2020год., а потоа и за вториот квартал. Тогаш ќе се прават и пресметките за цената која ЕСМ ке ја даде на тендерот на Универзалниот снабдувач за испорака на струја за периодот 1-6.2021 година.Во овој момент е рано да се формира цената, но АД ЕСМ континуирано работи на намалување на производната цена на струјата со цел на обезбеди стабилност на истата за домаќинствата, односно за крајните потрошувачи, се вели во дописот од ЕСМ

Дали увозот ќе ги натера енергетските компании повторно да бараат ново зголемување на цената, од регулаторна уверуваат нема да дозволат нов скок. 

Поради лошата состојба на природните и вештачките езера државата донесе одлука да го прекине производството на струја од хидроцентралите со образложение дека ако продолжат со работа има опасност да се загрози животниот свет. Од УХМР за Сител велат дека проблемите со сушата ќе продолжат и во следниот период.

Во изминатиот период преовладува исклучително сушно време кое предизвика намалување на водостојот на реките и езерата  во земјава. Врнежите кои беа во летниот период помогнаа моментално да се зголеми водостојот. Во наредниот период не очекуваме врнежи и нема изгледи за подобрување на хидролошката состојба, така што овој летен сушен период се очекува да продолжи и понатаму. За решавање на загрижувачката состојба неопходни се врнежи особено на снег, вели за Сител Атанас Угриновски од УХМР.

Инаку во август годинава струјата поскапе за 7,4 процетни  со образложение дека државните енергетски компании поради пандемијата имале намалени приходи.

Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Бензините поскапуваат од полноќ

Од полноќ поскапуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ. Цената на бензините се зголемува за половина денар, а непроменета останува цената на дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-9 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 02.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »