Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Бензините поскапуваат од полноќ

Од полноќ поскапуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ. Цената на бензините се зголемува за половина денар, а непроменета останува цената на дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-9 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 02.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Промовирани огласи »

До утре, 10 ноември, фирмите погодени од кризата ќе треба да достават барање до Управата за јавни приходи (УЈП), за да добијат помош од државата за исплата на октомвриската плата, а до 10-ти во наредниот месец ќе се врши аплицирање за помошта за плати за ноември и декември, преку системот на Е-даноци на УЈП.

По поднесување барање за финансиска поддршка за исплата на плати за работниците, Управата за јавни приходи ќе одговори за комплетноста на барањето веднаш односно најдоцна до 3 дена. По обработка на податоците, како што објаснуваат од УЈП, Управата ќе ја информира Владата за тоа кои работодавачи ги исполниле услови за финансиска поддршка, заради натамошна исплата на финансиските средства. Средствата преку Владина програма за финансиска поддршка ќе се исплаќаат до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.

Ова е мерка од четвртиот владин пакет мерки, и со неа ќе се овозможува исплата на плата најмногу до 21.776 денари за фирмите, односно 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност.

Висината на помошта ќе се движи во зависност од степенот на намалениот приход на работодавачот, односно од 30 до 40 отсто намален приход помошта ќе биде 14.500 денари, а највисоката помош од 21.776 денари ќе биде за над 80 отсто намален приход.

Треба да се напомене дека фирмите не смее да отпушти работодавец во рок од два месеци по завршување на помошта.

Средствата од финансиската поддршка се враќаат до 50% од примената финансиска поддршка, а ги враќа оној работодавач кој има искажано позитивен финасиски резултат зголемен за непризнаените расходи и кој нема обврски по основ на неплатени даноци и придонеси. Враќањето ќе се врши на 3 месечни рати без камата во месеците октомври, ноември и декември 2021 година. Работодавачите кои искажале негативен финансиски резултат, односно искажале загуба пред оданочување и немаат обврски по основ на неплатени даноци и придонеси, немаат обврска да ги враќаат примените финансиски средства.

Во рамките на четвртиот пакет економски мерки на Владата, за мерката исплата на плати со ребалансот на буџетот се обезбедени околу 70 милиони евра.

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Во Грција сигурно нема да се оди до крајот на месецов

Најнова одлука на грчките власти

Забраната за влез на државјани на трети земји во Грција за и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември.

Едната одлука се однесува на привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на ковид-19 на грчка територија“, јавува МИА од Атина.

Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Уругвај, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Другата одлука е привременото ограничување на сите копнени поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Промовирани огласи »

Наместо новогодишно украсување на Скопје да се купат лаптопи за учениците

Колку ќе се испочитува овој предлог?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира на распишувањето тендер за новогодишно украсување на Скопје и бара парите да се пренаменат за купување лаптопи за учениците.

„Во деновите кога градот Скопје е најпогоден град од корона заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава. Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди. Затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бараме прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно наставата.

Работата е најмалку дојдена до забава во време кога илјадници наши граѓани се борат за живот.

Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »