Промовирани огласи »

Сите вработени заболени од Ковид-19 или во изолација ќе бидат платени 100%

100% исплата на плата за боледувањата на заболените од Ковид-19

Заболените од Ковид, лицата кои се во самоизолација и вработените со симптоми ќе добиваат цела плата додека се на боледување, одлучи Владата на вчерашната седница. До сега лицата кои имаа потврден позитивен  тест добиваа 70% од платата, додека останатите , кои беа во самоизолација - 100 отсто. Со новата одлука, оваа дискриминација ќе биде надмината, сметаат работодавачите  и Синдикатот. Надоместокот за првите 15 дена  останува на товар на газдата, додека остатокот, во целост ќе ги покрива Фондот.

Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено, тоа значи дека Фондот го презема товарот. Значи, остануваат законските одредби, 15 дена работодавачот, после тоа, законската обврска ја презема Фондот“, појасни Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Старата Скопска Чаршија.

Од Синдикатот кои ги штити работничките права задоволни што Владата го  прифатила нивното укажување дека заболувањето од Ковид 19 не само кај здравствените, туку кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100 процентен надомест на плата. Додаваат дека во Правилникот за професионални болести треба да се вметне и Ковид, затоа што голем дел од работниците, вршејќи ги своите работни задачи се заразија или им беше определана изолација поради изложеност на вирусот на работното место, се наведува во соопштението на ССМ.

Промовирани огласи »

Неработната недела одново ги скара претставниците на работодавачите и работниците. Според влдината одлука од синоќа,  неделниот ден ќе биде ден за одмор и тоа решение ќе биде трајно, нема да важи само додека трае епидемијата.

За работодавачите, ваквото решние не е добро. Тие сметаат дека е во ред сега да не се работи за да не се шири заразата, но како трајно решение не е добро затоа што македонската економија е слаба и тоа не може да си го дозволи.

Од Гласен текстилец кои бараа со закон да се забрани работа во недела велат дека решението треба да е трајно затоа што во земјава газдите немаат навика да плаќаат за работа во недела иако законот го налага тоа.

Неработната недела ќе влезе во законот. Владата го задолжи министертсвто за труд во рок од 15 дена да ја вметне одлуката во него. Од таму велат дека денеска се формира рабтна група која ќе ги утврдува детали заедно со засегнатите. Потоа не биде дали во недела ќе одмараат сите или само некои.

Промовирани огласи »

Заев: Владата ја прифати иницијативата- денот недела ќе биде неработен!

Сити мол и Зоолошка нема да работат во недела

Премиерот Зоран Заев предмалку на својот Твитер профил објави дека Владата ја прифатила иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден.

„Го задолживме МТСП во рок од 15 дена да достави законско решение. Ова е во интерес сите граѓани. Недела треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време, ден за семејството, за себе“, напиша Заев.

Промовирани огласи »

Kaко од фотелја да се заработат 2000 долари месечно? - Фриленсерството сѐ повеќе станува избор во Македонија

Работа има за сите - колку ќе ти е платата, зависи од тебе!

Да стануваш рано наутро, да се спремаш, да трчаш, да менуваш автобуси, да одиш на работа, да седиш во канцеларија со еден куп колеги, сите со различни карактери ( а со една иста цел), да имаш шеф над глава, а уште полошо газда, веќе сето тоа полека, но сигурно станува минато, особено кога се младите во прашање.

Фриленсерството сѐ повеќе станува избор во Македонија. Убава и платена работа во Македонија ќе најдеш само ако имаш добри врски или ако си член на некоја политичка партија која во моментов е на власт, во спротивно или ќе си без работа, или ќе работиш било што ќе најдеш, или ќе бидеш платено мизерно, а може и да се случи воопшто и да не добиеш плата.

Барајќи нешто подобро, младите се одлучуваат да работат од дома, да бидат фриленсери.

Оваа работа, како и секоја друга, бара многу труд, исполнителност и, пред сѐ, самомотивација. Колку повеќе работиш, толку повеќе ќе заработиш. Па така, колку ќе ти биде платата, зависи од самиот тебе. Некои се платени од час, а некои имаат фиксна плата, или фиксен проект.

Скопјанецот Филип веќе три години работи како фриленсер. Тој е графички дизајнер. Вели дека е потребен многу труд, но дека парите се секогаш мотивација.

-Некој работам и по 15 часа на ден, а некогаш и не работам со денови. Сега за сега не сум во план да ја менувам оваа работа. Работам од дома од кревет, за плата која некогаш достигнува и повеќе од 2.000 долари. Не би ја менувал оваа работа за ништо, раскажува Филип.

И Емилија исто така работи како фриленсер. Таа работи како преведувач.

-Јас сум задоволна премногу. Платена сум од текст. Никаде во Македонија нема да можам да земам плата од околу 800 долари. И кога надвор има дожд и снег и ветер и сонце, јас сум дома. Убаво ми е вака, вели таа.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »