Промовирани огласи »

Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето

Викендов започнува зимското сметање на времето

Северна Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (24 октомври и недела 25 октомври) ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Промовирани огласи »

Фактор: По завршување на пандемијата Македонија ја чека одлив на медицински сестри

Ќе заминат во Германија, Швајцарија, Шведска

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.

Тие би заминале во регионот, но и во Европа, онаму каде ваквиот кадар е дефицитарен. Германија, Швајцарија, Шведска се земја каде и досега заминуваа медицинските сестри од нашата земја. Дел од нив веќе се снашле во клиниките низ Европа и сега имаат простор да помогнат за ангажирање на нивни роднини или колешки.

Од Унијата на медицински сестри велат дека по завршување на пандемијата Македонија ќе ја напуштат младите и стручни кадри.

Повеќе на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Граѓаните ќе добијат продолжен викенд.

Покрај него, до крајот на годината остануваат уште еден неработен ден за сите граѓани на нашата земја.

За сите граѓани на РМ: 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Новите домашни платежни картички ќе важат за три категории на граѓани

Картички дел од четвртиот пакет економски мерки

Платежни картички со по 6.000 денари се дел од четвртиот сет економски мерки и истите ќе бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и пасивни баратели на работа.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи“, велат од СДСМ.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »