Промовирани огласи »

Фактор: По завршување на пандемијата Македонија ја чека одлив на медицински сестри

Ќе заминат во Германија, Швајцарија, Шведска

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.

Тие би заминале во регионот, но и во Европа, онаму каде ваквиот кадар е дефицитарен. Германија, Швајцарија, Шведска се земја каде и досега заминуваа медицинските сестри од нашата земја. Дел од нив веќе се снашле во клиниките низ Европа и сега имаат простор да помогнат за ангажирање на нивни роднини или колешки.

Од Унијата на медицински сестри велат дека по завршување на пандемијата Македонија ќе ја напуштат младите и стручни кадри.

Повеќе на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Граѓаните ќе добијат продолжен викенд.

Покрај него, до крајот на годината остануваат уште еден неработен ден за сите граѓани на нашата земја.

За сите граѓани на РМ: 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Новите домашни платежни картички ќе важат за три категории на граѓани

Картички дел од четвртиот пакет економски мерки

Платежни картички со по 6.000 денари се дел од четвртиот сет економски мерки и истите ќе бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и пасивни баратели на работа.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи“, велат од СДСМ.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Промовирани огласи »

Колку Пејпал се користи во Македонија: Ќе дозволи плаќање со криптовалути

Колку Пејпал се користи во Македонија

Paypal Holdings ќе им овозможи на клиентите услуга за купување, продавање и држење биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците. Оваа услуга во Македонија не ја користат многу луѓе, тие што ја користат се со странски сметки. 

Лани Народната банка објави дека македонските граѓани и фирми можат да отвораат и да користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се „Пејпал“, „Скрил“ и другите и во делот на примањето пари. До тој момент, во земјата „Пејпал“ и другите сервиси функционираат само за плаќање. 

Тогаш од Народна банка соопштија дека им излегуваат во пресрет на македонски ентузијасти кои долго време барале целосно функционирање на „Пејпал“ во Македонија. Но требаше и „Пејпал“, да ја овозможи услугата да биде функционална.

Сметките може да се користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и за продавање стоки и услуги по електронски пат. 

„Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени“, гласеше соопштението од НБРСМ.

Плаќањата во криптовалути преку Paypal ќе бидат порамнети во утврдени валути, како што се долари, што значи дека трговците нема да добиваат плаќања во виртуелни пари, нагласи компанијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »