Промовирани огласи »

5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички преку четвртиот пакет мерки на Владата

Платежни картички за самохрани родители.

5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички преку четвртиот пакет мерки на Владата предводена од СДСМ, грижата за сите продолжува, велат од партијата.


„Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите на коишто им е потребна помош, на граѓаните и на компаниите за ублажување, на негативните последици. Со ребалансот на буџетот за 2020 година се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка“, се наведува во соопштението.

Измените и дополнувањата на буџетот за 2020 година, додаваат од СДСМ, треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите“, велат од СДСМ.

Промовирани огласи »

Скопјани се жалат - и по почетокот на грејната сезона се уште немаат парно греење

Велат дека секоја година иста приказна. Почнува грејната сезона, а тие се без греење со денови.

11 поплаки од граѓани стигнале до Регулаторната комисија за ладни радијатори. И по почетокот на грејната сезона се уште немаат парно греење. Поплаки од граѓани стигнаа и до редакција на 24.мк.

Велат дека секоја година иста приказна. Почнува грејната сезона, а тие се без греење со денови. Тврдат дека никој не се јавува на дежурните телефони на дистрибутерот и немаат кому да се пожалат. 

Од Регулаторна пак тврдат дека тие интервенираат во истиот ден откако ќе ги добијат жалбите од граѓаните и бараат дистрибутерот БЕГ веднаш да излезе на терен. Во најголем број случаи, вели Марко Бислимоски, проблем со греење има кај постари згради каде има проблем со инсталацијата.  

„Тоа можеби се проблеми во инсталациите во некои од зградите. Почеток е на грејна сезона и се случуваат соодветни подесувања на самиот систем. Така што тие се главните причини. Во суштина целиот систем функционира нормално и на околу 60 илјади потрошувачи да имаме педесетина поплаки сметам дека е мала бројка. Но сите тие што имаат проблеми и што се обраќаат до Регулаторната во текот на истиот ден веднаш реагираме и бараме од БЕГ веднаш да постапи по нашите забелешки.“ - вели Марко Бислимоски, Регулаторна комисија за енергетика, за 24.мк.

Од операторот БЕГ повикуваат на поголема соработка со потрошувачите. Бараат граѓаните да ги отстранат сите дефекти на внатрешната инсталација, но и да проверат дали им се платени сметките за струја на подстаниците, зашто без напојување на електрична енергија парното не работи.

„Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено, потребно е потрошувачите кој кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи. Исто така, апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација)“. - велиЕмилија Мишева, лице за односи со јавност БЕГ. 

Оваа сезона освен на ладни радијатори, дури 37 скопјани се пожалиле и дека температурата во нивните станови е превисока, меѓу 25 и 27 степени, па барале од регулаторите да интервенираат за поладни радијатори. Од Регулаторната велат дека ваквите поплаки доаѓаат од поновите градби, кои се направени согласно стандардите за енегретска ефикасност.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Видео: Жена танцува од среќа по успешно интервју за работа

Ваква е среќата на една жена од САД по нејзиното успешно интервју за работа. Погледнете: #ПозитивНаДенот

За многимина, 2020 беше година исполнета со тешкотии и многу проблеми. Но, безбедносните камери неодамна ни ја покажаа среќата на една жена од САД по нејзиното успешно интервју за работа.

Станува збор за 21-годишната Калаја Џоунс која ја покажува својата среќа (иако несвесна дека безбедносните камери ја снимаат нејзината среќа) по добиената работа во he Spot Sports Bar and Grill ресторанот во Декатур, Џорџија. 


Видео: Жена танцува од среќа по успешно интервју за работа

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

Видео: Бил Гејтс повторно на интервју за работа, како се снајде и колку плата побара?!

Што би одговорил Бил Гејтс на интервју за работа

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс во моментот е еден од најбогатите луѓе во светот, па тешко дека ќе се најде во ситуација да бара работа и да се подготвува за интервју за вработување.

Сепак, благодарение на ѕвездата на НБА, Стеф Кари, можеме да дознаеме како Гејтс би одговорил на неколку основни прашања при интервју за работа, вклучувајќи го и опишувањето на неговите вештини и недостатоци, како и за колку би си го продал своето време.

Интервјуто со Бил Гејтс, Кари го објави на својот Јутјуб како прв дел од неговата нова серија „Држава на инспирација“.

„Не знам кога последен пат сте на разговор за работа“, му вели Кари на Гејтс, истакнувајќи дека „многу млади, вклучувајќи ги и оние кои неодамна завршиле факултет, се обидуваат да влезат на пазарот на трудот“, во време што Кари го опишува како крајно несигурно особено затоа што светот го погоди пандемијата на коронавирусот.

Видео: Бил Гејтс повторно на интервју за работа, како се снајде и колку плата побара?!

Тагови: интервју за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »