Промовирани огласи »

Видео: Жена танцува од среќа по успешно интервју за работа

Ваква е среќата на една жена од САД по нејзиното успешно интервју за работа. Погледнете: #ПозитивНаДенот

За многимина, 2020 беше година исполнета со тешкотии и многу проблеми. Но, безбедносните камери неодамна ни ја покажаа среќата на една жена од САД по нејзиното успешно интервју за работа.

Станува збор за 21-годишната Калаја Џоунс која ја покажува својата среќа (иако несвесна дека безбедносните камери ја снимаат нејзината среќа) по добиената работа во he Spot Sports Bar and Grill ресторанот во Декатур, Џорџија. 


Видео: Жена танцува од среќа по успешно интервју за работа

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

Видео: Бил Гејтс повторно на интервју за работа, како се снајде и колку плата побара?!

Што би одговорил Бил Гејтс на интервју за работа

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс во моментот е еден од најбогатите луѓе во светот, па тешко дека ќе се најде во ситуација да бара работа и да се подготвува за интервју за вработување.

Сепак, благодарение на ѕвездата на НБА, Стеф Кари, можеме да дознаеме како Гејтс би одговорил на неколку основни прашања при интервју за работа, вклучувајќи го и опишувањето на неговите вештини и недостатоци, како и за колку би си го продал своето време.

Интервјуто со Бил Гејтс, Кари го објави на својот Јутјуб како прв дел од неговата нова серија „Држава на инспирација“.

„Не знам кога последен пат сте на разговор за работа“, му вели Кари на Гејтс, истакнувајќи дека „многу млади, вклучувајќи ги и оние кои неодамна завршиле факултет, се обидуваат да влезат на пазарот на трудот“, во време што Кари го опишува како крајно несигурно особено затоа што светот го погоди пандемијата на коронавирусот.

Видео: Бил Гејтс повторно на интервју за работа, како се снајде и колку плата побара?!

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

Дали дигиталното евро ќе ги замени банкнотите

Дали еврото станува дигитално?

Европската централна банка (ЕЦБ) експериментира со дигитално евро што може да се потроши насекаде, без страв дека некој ќе го следи вашето купување. Оваа институција, со седиште во Франкфурт, минатиот понеделник објави прашалник, со цел да открие какви се потребите на јавноста за оваа нова форма на плаќање, откако на 2 октомври извести дека може да го воведе дигиталното евро.

Дигиталното евро нема да ги замени банкнотите, туку ќе ги надополнува, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

На прашањето дали дигиталното евро е политички одговор на дигитализацијата на кинескиот јуан, Лагард рече дека концептот на дигиталното евро е едноставно поефикасен, поевтин, ја штити приватноста, може да се следи и пријателски е настроен кон животната средина.

Овој потег исто така може да го зајакне еврото на меѓународно ниво и да ги намали трошоците за трансфер на пари меѓу земјите, додаде таа.

„Едноставно, сакаме да ја направиме нашата валута соодветна за дигиталната ера. Кога ќе погледнеме колку брзо се шират дигиталните плаќања, особено кај младите, важно е да се задоволи таквата побарувачка”, рече Лагард.

ЕЦБ не е единствена во овој потфат. Централните банки ширум светот развиваат виртуелни верзии на нивните валути бидејќи употребата на готовина се намалува. Монетарните институции се решени да не изгубат чекор со дигиталните трендови на 21-от век, гледајќи во развој на приватни форми на пари, како што е либра.

Чисто електронското евро не би дошло без ризик. Тоа би ја променило финансиската индустрија како што ја познаваме денес и ќе изврши притисок врз законодавците да развијат начин на плаќање што е безбеден и привлечен за граѓаните, пишува Политико.

Притоа, се наведуваат пет клучни прашања во врска со дигиталното евро. Како прво, за што всушност станува збор? Дигитално евро е надополна за паричникот, односно не би заменило ништо што веќе е во него. Сопствениците на продавници може да го прифатат како алтернатива на картичките и готовината. Пријателите би можеле да си позајмуваат едни на други евра и да ги враќаат во секое време и на кое било место.

„Размислувајте за него како за електронски пари што се чуваат во апликација како паричникот, на вашиот паметен телефон, а ЕЦБ гарантира дека едно дигитално евро секогаш ќе има иста вредност како монета од едно евро. Исто така, не можете да ги изгубите овие пари. ЕЦБ би ги чувала вашите извештаи, штитејќи ве во случај да го изгубите телефонот“, пишува Политико.

Ваквиот дизајн би бил значително различен од крипто-валутите како што е Bitcoin, чија вредност варира и чии корисници биле жртви на сајбер измама. Исто така, би се разликувал од стејблкоин, кои имаат за цел да спречат флуктуации на вредноста, но сепак зависат од поддршката од конвенционалните валути.

Како би функционирало?

Дигиталното евро можеби не изгледа многу различно од салдото на сметката што ја проверувате преку телефон. Финансиска фирма би обезбедила апликација што ви покажува колку дигитални евра имате. Сепак, процесот на плаќање би бил поинаков.

Во денешниот електронски трансфер на пари, банката на испраќачот испраќа порака до базата на податоци, барајќи да ги пренесе парите на банкарската сметка на примателот, а за некои големи суми пари, ова може да оди директно до ЕЦБ. Базата на податоци мора да ги потврди деталите и да „организира“ парите од сметката на испраќачот да одат на сметката на примателот. Оваа постапка понекогаш може да трае и до два дена пред парите да отидат на сметката на примателот.

Дигиталното евро може, во теорија, да ги поедностави трансакциите, по пониски цени. ЕЦБ може да го задржи ова во своите „книги“, автоматски следејќи ги сопствениците на секој дигитален цент. Или може да постави правила за другите, во децентрализирани системи, можеби слично на она што веќе се случува со биткоинот, кое ја следи секоја трансакција користејќи блокчеин технологија.

Немате сигнал на вашиот телефон? Можете дури да вклучите Bluetooth и да испратите токен, како вид на потврда, што ќе го ажурира статусот во моментот кога сте повторно онлајн.

Зошто сега?

Од две причини. Првиот е дека електронските плаќања доживуваат вистински бум поради загриженоста дека готовината може да учествува во пренесувањето на корона вирусот. Второ, технолошката индустрија развива свои валути.

Либра најчесто е во умот на службените лица. Здружението, основано од Фејсбук и некои други компании, дизајнира услуга за плаќање користејќи стејблкоин, еден вид дигитален производ што ЕУ сака да го регулира.

Пратениците се исплашија дека либра може да стане достапна за сите корисници на Фејсбук, што е околу 2,7 милијарди луѓе затоа што може да го „поткопа“ еврото, оставајќи ги финансиите на граѓаните ранливи, како за странските „сили“, така и за компаниите кои собираат податоци за нивните потрошувачки навики. Дигиталното евро на Европската централна банка би имало за цел да ги намали тие ризици.

Каде е застојот?

Неколку безбедносни активности се потребни пред ЕЦБ да го направи дигиталното евро достапно за јавноста. Без него, банките би можеле да бидат во големи проблеми.

За почеток, оние што штедат може да видат повеќе придобивки во дигиталните евра отколку во чувањето пари во банките, кои наплатуваат провизии за чување пари и не плаќаат високи камати. Сепак, намалувањето на депозитите може да има лоши страни за општеството.

Банките зависат од депозитите како витален извор на приход и можеби ќе треба да наплатат повеќе за заемите, што би ја забавило економската активност. Оние што штедат, на тој начин „ќе работат“ дигитално во време на криза, што ќе му наштети на финансискиот систем уште побрзо отколку тоа е случај со конвенционалните банки.

ЕЦБ работи да открие како да се спречат овие сценарија. Идеите вклучуваат ограничување на износот на дигитални евра што секој може да го поседува или покренување постапка против луѓе кои поседуваат големи суми.

Што друго треба да се разгледа?

Приватноста и политиката.

Можете да трошите готовина и никој да не знае што сте купиле. Сепак, ова е нешто поразлично кога станува збор за плаќања преку Интернет и картички, каде што секоја трансакција е евидентирана. Дигиталното евро може да го искористи најдоброто од обете, создавајќи електронски идентитет (отпечаток од прст) до кој можат да пристапат само властите.

Ова може да ги заштити податоците на луѓето, а исто така да спречи криминалците на овој начин да префрлаат пари. Ова може да значи ограничување за големи дигитални трансфери на пари и следење на моделите на трошење што изгледаат сомнително.

Отклучувањето на идентитетот на корисникот може да вклучува неколку агенции кои држат различни делови на клучот за дешифрирање, кои ќе треба да работат заедно за да го откријат идентитетот на странката што стои зад трансакцијата.

ЕЦБ ќе спроведе експерименти во следните шест месеци и во средината на 2021 година ќе донесе одлука дали ќе го лансира дигиталното евро. Сепак, бидејќи либра доаѓа веќе оваа година, малку е веројатно дека централните банки ќе седат со скрстени раце.

Промовирани огласи »

Ќе доцнат ли платите во ноември?

Во ек на криза, плус доцнење на плати!

Можно е да доцнат платите во ноември. Бизнис секторот предупредува дека одолговлекувањето на ребалансот на буџетот, ќе значи дека ќе доцни и државната поддршка за компаниите. Фирмите чекаат Владата да им ја одобри помошта за исплата на плати. Според нивните планови, парите требаше да стигнат за исплата на октомвриската плата. Ако заради доцнење на ребалансот, помошта не стигне тогаш газдите или ќе чекаат за да исплатат плата или еднствно веќе немаат од каде да ја исплатат.

Државата им помогна на фирмите да исплатат плати во април мај и јуни. Од тогаш дел од компаниите се снаоѓаа и ги црпеа резервите во очекување на обновување на поддршката. Сега, вели Бошков за Сител, состојбата е лоша во сите сегменти.

Последниот пакет помош кој го усвои Владата, предвидува скалеста поддршка за исплата на платите во погодените компании. Колку потешко работи фирмата, толку ќе биде поголема субвенцијата, а ќе се движи од 14.500 до 21.700 денари.

За Ребалансот на буџетот трет ден се дебатира во матичната комисија за финасирање и буџет. Според деловникот, оваа расправа трае 10 работни дена, а потоа предлогот дополнет со амандмани оди на пленарна седница.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »