Промовирани огласи »

Ќе доцнат ли платите во ноември?

Во ек на криза, плус доцнење на плати!

Можно е да доцнат платите во ноември. Бизнис секторот предупредува дека одолговлекувањето на ребалансот на буџетот, ќе значи дека ќе доцни и државната поддршка за компаниите. Фирмите чекаат Владата да им ја одобри помошта за исплата на плати. Според нивните планови, парите требаше да стигнат за исплата на октомвриската плата. Ако заради доцнење на ребалансот, помошта не стигне тогаш газдите или ќе чекаат за да исплатат плата или еднствно веќе немаат од каде да ја исплатат.

Државата им помогна на фирмите да исплатат плати во април мај и јуни. Од тогаш дел од компаниите се снаоѓаа и ги црпеа резервите во очекување на обновување на поддршката. Сега, вели Бошков за Сител, состојбата е лоша во сите сегменти.

Последниот пакет помош кој го усвои Владата, предвидува скалеста поддршка за исплата на платите во погодените компании. Колку потешко работи фирмата, толку ќе биде поголема субвенцијата, а ќе се движи од 14.500 до 21.700 денари.

За Ребалансот на буџетот трет ден се дебатира во матичната комисија за финасирање и буџет. Според деловникот, оваа расправа трае 10 работни дена, а потоа предлогот дополнет со амандмани оди на пленарна седница.

Промовирани огласи »

Македонија позлатена: Има најмногу резерви на злато по Србија на Балканот

Македонија има најмногу резерви на злато по Србија на Балканот

Хрватска ги продаде своите последни резерви на злато во 2005 година и заработи вкупно 146 милиони долари. Доколку ги зачувале златните резерви, по моменталните рекордни цени на златото, би заработиле 710 милиони долари.

Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра.

Некои земји во регионот речиси и воопшто да немаат девизни резерви на злато. Дел од нив го користеа своето злато како гаранција за позајмици и кредити.

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот, односно поседува 6,89 тони.

Следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато заложено за кредит. За Хрватска, според официјалните податоци бројката е нула.

Промовирани огласи »

Короната не и може ништо на кинеската економија

Се опоравија

Короната не и може ништо на кинеската економија, и ова го покажуваат најновите податоци. 

Кина покажа дека е можно брзо опоравување на економијата. 

Во третиот квартал кинеската економија има раст од 4,9 отсто споредено со истиот период минатата година. 

Според анализата на Њу Јорк Тајмс, растот најмногу се должи на мерките со кои државата ја зголемува куповната моќ на населението и со тоа ја поттикнува домашната потрошувачка. Удел имаа и масовните капитални инвестиции.

  

Промовирани огласи »

ГОРИВА: Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена

Цената на бензините се намалува, додека дизелот останува непроменет

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто, соопштија регулаторите. 

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 иЕУРОСУПЕР БС-98се намалуваат за 0,50 денар/литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво, односно не се менуваат.

Од 20.10.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС-95                    59,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС-98                    61,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                  50,50 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                50,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                            26,754 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,515 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,074 отсто, намалување има кај екстра лесното масло за 0,415 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,633%  .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,006%.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »