Промовирани огласи »

НЕЈАСНОТИИ И ЗАМКИ: Што треба да знаете за ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

Внимавајте на ова за време на викендот без ДДВ

Таканаречениот викенд без ДДВ за првпат ќе се случи следниот викенд, на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11 Октомври.

Иако првенствено не беше така презентиран начинот на кој ќе се одвива, сепак, во привилегиите од овој викенд ќе може да уживаат само корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.

Што можат да купат, каде и по колку? Граѓаните имаат многу нејаснотии. Од Владата за „Фактор“ велат дека ќе има можност за поставување прашања на посебен мејл.

Генерално за да им биде вратен ДДВ во цел износ ќе мора да купат сè што е македонско – дали храна и каков било производ произведен во Македонија или пак да добијат некаква услуга во домашен дуќан – фризерница на пример. Сепак, ќе им се враќа цел ДДВ и на купен компјутер или лаптоп, на пример, односно сè што е ИТ опрема.

Но, што друго треба да знаат граѓаните и на што ќе треба да внимаваат?

Една од работите што треба да се знае е дека дуќанот од кој што ќе се пазарува, ќе мора да има апарат со фискални сметки, каде што точно е определено што е од македонски производи, а што промет од производи од странство.

Исто така, за да се добие повратот на целиот ДДВ, граѓаните ќе мора фискалната сметка да ја скенираат веднаш, односно само во тие три дена додека важи викендот без ДДВ, а не потоа.

Инаку, како што е познато, за регуларниот поврат на ДДВ, фискалната сметка има рок да се скенира во следните 10 дена откако ќе се пазарува, но за викендот без ДДВ, скенирањето ќе мора да се направи на 10,11 или 12 октомври.

Промовирани огласи »

Читање од дланка отсега не им е привилегија само на гатачите, кои ќе ви ја предвидат иднината, бидејќи компанијата Амазон тестира нешто слично за плаќање во продавници.

Неодамна воведениот систем за биометрија на дланка, наречен Amazon One, започна да се тестира во две продавници во Сиетл и наскоро може да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток од прст, препознавање на лице или скенирање на очите, пишува порталот Bankar.me.

На начин што го користи Амазон, биометријата со препознавање на крвните садови ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или друг документ за идентификација.

Од Амазон велат дека биометријата на дланката е многу подобра работа во споредба со другите технологии што се користат денес, бидејќи носи предност во однос на приватноста, па повеќе ќе им се допадне на корисниците, затоа што не делува „полициски“ како на пример системот за препознавање лице.

Промовирани огласи »

ФИЛИПЧЕ: Предлогот е да се забранат гостувања на пејачи и диџеи

Крај на забавите и журките

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 години. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години, и од 30 до 40, нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години.

„Денеска Комисијата донесе неколку предлози коишто ќе бидат доставени на денешната седница на Владата, тоа се следни: прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Потсетуваме, дека дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова, го најавувавме тој зголемен притисок, мини бран што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори.”- потенцираше министерот Филипче.

Промовирани огласи »

Денеска се одржа седмото месечно извлекување на 15 награди од 20.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда. Во ова извлекување учествуваа 16.922.815 скенирани фискални сметки во период од 01. 09. 2020 година до 30.09.2020 година.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Ова се добитниците:

1. Бране Арсоски – Скопје
2. Славица Гошева – Валандово
3. Боби Комненовик – Скопје
4. Дијана Рајчиноска – Битола
5. Маргарита Ѓелова – Кавадарци
6. Марина Наумовска – Битола
7. Димче Трајковски – Велес
8. Тихомир Стојановски – Скопје
9. Владимир Булатовиќ – Охрид
10. Александар Стојковски – Битола
11. Иван Кутев – Скопје
12. Богица Димишковска – Скопје
13. Зорица Ибрахимовиќ – Скопје
14. Анастасија Бабуловска – Скопје
15. Надица Јовановска – Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »