Промовирани огласи »

Читање од дланка отсега не им е привилегија само на гатачите, кои ќе ви ја предвидат иднината, бидејќи компанијата Амазон тестира нешто слично за плаќање во продавници.

Неодамна воведениот систем за биометрија на дланка, наречен Amazon One, започна да се тестира во две продавници во Сиетл и наскоро може да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток од прст, препознавање на лице или скенирање на очите, пишува порталот Bankar.me.

На начин што го користи Амазон, биометријата со препознавање на крвните садови ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или друг документ за идентификација.

Од Амазон велат дека биометријата на дланката е многу подобра работа во споредба со другите технологии што се користат денес, бидејќи носи предност во однос на приватноста, па повеќе ќе им се допадне на корисниците, затоа што не делува „полициски“ како на пример системот за препознавање лице.

Промовирани огласи »

ФИЛИПЧЕ: Предлогот е да се забранат гостувања на пејачи и диџеи

Крај на забавите и журките

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 години. Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години, и од 30 до 40, нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години.

„Денеска Комисијата донесе неколку предлози коишто ќе бидат доставени на денешната седница на Владата, тоа се следни: прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Потсетуваме, дека дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4. Го очекувавме ова, го најавувавме тој зголемен притисок, мини бран што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори.”- потенцираше министерот Филипче.

Промовирани огласи »

Денеска се одржа седмото месечно извлекување на 15 награди од 20.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда. Во ова извлекување учествуваа 16.922.815 скенирани фискални сметки во период од 01. 09. 2020 година до 30.09.2020 година.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Ова се добитниците:

1. Бране Арсоски – Скопје
2. Славица Гошева – Валандово
3. Боби Комненовик – Скопје
4. Дијана Рајчиноска – Битола
5. Маргарита Ѓелова – Кавадарци
6. Марина Наумовска – Битола
7. Димче Трајковски – Велес
8. Тихомир Стојановски – Скопје
9. Владимир Булатовиќ – Охрид
10. Александар Стојковски – Битола
11. Иван Кутев – Скопје
12. Богица Димишковска – Скопје
13. Зорица Ибрахимовиќ – Скопје
14. Анастасија Бабуловска – Скопје
15. Надица Јовановска – Скопје

Промовирани огласи »

Помпео во Хрватска, се очекува укинување на визите за САД

Хрватите наскоро без визи во САД

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска ќе пристигне во Дубровник како највисок функционер на американската администрација што ја посетил Хрватска откако Доналд Трамп е во Белата куќа. Се очекува тој да соопшти дека по 30 години на хрватските граѓани повеќе нема да им требаат визи за влез во САД, пренесува „Индекс.хр“.

Државниот секретар на САД утре треба да се сретне со хрватскиот премиер и со министерот за надворешни работи во Дубровник.

-Откако прашањето за визи за хрватските граѓани кои влегуваат во САД не е решено три децении, Помпео може да објави во Дубровник дека Хрватска го исполнила условот за нивно укинување, пишува хрватскиот портал.

Покрај Хрватска, единствените членки на ЕУ чии граѓани мора да имаат виза за влез во САД се Романија, Бугарија и Кипар. Полска минатата година беше исклучена од тој режим.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »