Промовирани огласи »

Студија: Работењето од дома за време на пандемијата носи помалку стрес, а поголема продуктивност МКД | пред 16 часа

Работата од дома го намалува стресот и ја зголемува продуктивноста

Помалку стрес, повеќе време за семејството и уште поголема продуктивност тврди германска студија која открила дека работењето од дома за време на коронакризата работниците го доживуваат како позитивна промена.

 

Студија: Работењето од дома за време на пандемијата носи помалку стрес, а поголема продуктивност

Помалку стрес, повеќе време за семејството и уште поголема продуктивност тврди германска студија која открила дека работењето од дома за време на коронакризата работниците го доживуваат како позитивна промена.

„Вработените кои за време на коронакризата се префрлиле да работат од дома поретко се изложени на стрес и се попродуктивни“, според студијата спроведена од Институтот Форс и ИГЕС за компанијата за здравствено осигурување ДАК.

Пред појавата на пандемијата, 21% од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, додека истото за време на коронакризата го тврделе само 15%.

56 проценти од оние кои редовно работат од дома изјавиле дека дома се чувствуваат попродуктивно отколку на работа.

Понатамошни позитивни ефекти од работењето од дома се подобро усогласување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а истиот дел од испитаници како особено позитивен ефект на работењето од дома го наведуваат отсуството на патување на работа.

76,9 проценти од испитаниците изјавиле дека би сакале да ја задржат оваа форма на работа и во иднина.

„Работата од дома не само што го намалува ризикот од зараза, туку придонесува за ментална рамнотежа“, изјави директорот на ДАК Андреас Сторм.

Тој вели дека овие позитивни откритија треба да се искористат во однос на работењето во иднина и дека треба да се направат напори да се избегнат негативните аспекти на работењето од дома.

Ова првенствено се однесува на проблемот со јасната поделба на приватниот и работниот живот, што е особено наведено како проблем кај помладите вработени, на возраст меѓу 18 и 29 години.

Три четвртини од испитаните како негативност го истакнуваат фактот дека веќе не се гледаат со колегите.

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) најави иницијатива за законска регулатива која би овозможила право на работа од дома. На ова силно се спротивставуваат здруженијата на работодавачите.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција на заразата.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, посочуваат од Министерството, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од заразата.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Промовирани огласи »

Македонија останува на „црната корона листа“ на Швајцарија

Границите на Швајцарија и понатаму остануваат затворени за Македонија.

Границите на Швајцарија и понатаму остануваат затворени за земјите од Западен Балкан, освен Албанија. Македонија, Косово и Србија остануваат на „црниот список“ за слободно движење кон Швајцарија и обратно, а швајцарската Влада денеска го ажурираше списокот со додавање на Црна Гора и Босна и Херцеговина меѓу 45-те земји во светот како опасни за патувања поради пандемијата.

Ова значи дека нашите иселеници што живеат во Швајцарија ќе имаат условно враќање во татковината за време на летните одмори. Но, оние што сакаат да дојдат, според швајцарските здравствени власти, дефинитивно мораат да одат во домашна изолација 14 дена по нивното враќање во Швајцарија.

Во понеделникот, ЕУ ги разгледа и одлуките на условното движење за други земји, меѓу кои, покрај Србија, останатите земји од Западен Балкан остануваат на списокот.

„Врз основа на епидемиолошките податоци од СЗО, ЕУ препорачува рестриктивни мерки на секои две недели“, објави Европската комисија.

Нашите иселеници од Европа треба да чекаат до 2 август во случај земјите-членки на ЕУ да ги олабават мерките за слободно движење. Во моментов, нивното патување до овие дестинации е условено од негативен PCR-тест и двонеделен карантин по враќањето во нивните матични земји.

Промовирани огласи »

Од Ушравата за јавни приходи преку соопштение во јавноста ги демантираат последните натписи дека  со новите пресметки ќе има доцнење на повратот на ДДВ за граѓаните кои скенираат фискални сметки.

Единствената промена, според управата, е тоа што наместо досегашните 15 отсто од платениот ДДВ, ќе се враќа 20 проценти од оној за домашни производи и 10 од оној за странски производи.

„Управата за јавни приходи во ниту еден сегмент од текстот со кој најави дека брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, не најави дека ќе има доцнење во исплатата на повратот од Мој ДДВ за второто тримесечје“, гласи демантот на УЈП.

Од таму додаваат дека изнесените невистини ги сметаат како обид да се наруши имиџот на УЈП и истовремено јавноста да се револтира и да се доведе во заблуда со шпекулации и невистинити информации.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »