Промовирани огласи »

Рекордни цени на златото и среброто

Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011 односно од 2013 година.

Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011 односно од 2013 година.

Златото се продава за 1.860 долари за унца, додека среброто за 23 долари.

Цената на златото за испорака во август на њујоршката берза „Комекс“ се золеми за 0,77 проценти и достигна 1.858,05 долари за унца, откако претходно се искачи на 1.866,75 долари, што е највисока вредност о 9 септември 2011 година.

Додека сребрто за испорака во септември се продава за 23,185 долари,. Што е рекордна цена од 19 септември 2013 година.

Според експертите, порастот на цената на златото и среброто е поради пад на вредноста на доларот во споредба со еврото. Послабиот долар доведе до зголемување на цената на златото, кое е поефтино за инвеститорите кои тргуваат со други валути.

Промовирани огласи »

УЈП: Од 12 јуни повратот на ДДВ раздвоен, за домашни производи 20, за а странски 10 отсто

20% поврат на ДДВ на македонските производи за сметките скенирани од 12 јуни наваму

Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена.


МОЖНИ ПРОМЕНИ ВО ПРЕСМЕТКАТА ЗА ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ

УЈП: Од 12 јуни повратот на ДДВ раздвоен, за домашни производи 20, за а странски 10 отсто

Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена.

Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба враќањето на делот од ДДВ пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20 отсто, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10 отсто, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31 декември 2020 година, се наведува во соопштението од УЈП.

Оттаму додаваат дека со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги,  Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20 отсто, а за останатите добра и услуги во висина од 10 отсто од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.  

Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни 2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто и останати  добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена, појаснуваат од УЈП.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

Настава во училиштата треба да има, но кој модел ќе се избере: Комисијата за заразни болести и МОН ќе договараат по Илинден

Настава во три смени, маски и мерење температура, како ќе изгледа почетокот на новата учебна година?

Сè уште нема прецизен модел за организирање на новата учебна година, но Комисијата за здравство на денешниот состанок дискутирала за ова, според нив, многу важно прашање. Велат дека генералниот став е дека треба учебната година да започне со физичко присуство на децата, но за да се организира образовниот процес мора претходно добро да се осмисли, за да одењето во училиште биде безбедно по здравјето на децата.

-Сметаме дека ова е навистина многу важно прашање и бара мултидисциплинарен пристап. По празникот Илинден очекуваме на состаноците на Комисијата за заразни болести да присуствуваат и претставници од Министерството за образование и наука, па заеднички да се договориме како би започнала новата учебна година. Ние сме задолжени за медицинскиот дел, а останатите треба да се погрижат за организацискиот. Во однос на ова, до сега сме разговарале за веќе познати модели на организирање на наставата, па според досегашните искуства од повеќе земји во светот, тоа би било сменско работење. Онаму, каде што има повеќе деца, на пример ако паралелките се од по 30 ученици, би имало дури и три смени, секако скратена настава и итврдени здравствени протоколи. Тоа подразбира одржување потребно растојание, редовна дезинфекција на училниците, задолжени контролори од страна на училиштата за мерење температура и носење заштитни маски. Сето ова навистина треба добро да се осмисли и да се организира безбедно одржување на наставата, вели д-р. Ангелчо Андоновски, член на Комисијата за здравство.

Тој потенцира дека свеста кај граѓаните е најважното нешто, бидејќи секое невнимание се плаќа со човечки животи. И покрај тоа што, како што вели д-р. Андоновски, карантинските мерки дадоа најдобри резултати, сега, во сред лето е бесмислено да се воведуваат такви строги рестрикции.

-Вирусот сега се чини дека е помалку агресивен, но според мене ова е некакво стивнување пред нова бура, затоа сите треба да работат на подигнување на сопствената свест, бидејќи само така може да имаме намалување на бројот на заразедните и секако намалување на бројот на смртните случаи во Македонија. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Дојрани“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за  рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“. 
Претходно соопштија дека се затвора и Меџитлија.  
 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »