Промовирани огласи »

Илон Мaск првпaт меѓу петте најбогати луѓе во светот

Мaск првпат се најде во 5-те најбогати на Форбс, пред него се Безос, Арно, Гејтс и Закербер

Американскиот претприемач и основач на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск по првпат се најде во листата на „Форбс“ од пет најбогати луѓе во светот.

Според списанието, богатството на Маск изнесува 74,2 милијарди долари. Во средината на март, тој беше 31-виот по ред, на списокот најимотни. Оттогаш, како што велат податоците состојбата му се подобрила скоро трипати, а акциите на „Тесла“ се повредни за речиси 300 отсто од почетокот на оваа 2020 година.

Првите три места, според списокот на „Форбс“, ги заземаат директорот на „Амазон“ Џеф Безос со богатство од 189 милијарди долари, раководителот на „Луј Витон Моет хенеси“ Бернар Арно со 113,8 милијарди долари и, на трето место е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 113,4 милијарди долари. Маск е зад основачот на Фејсбук – Марк Закерберг, чијшто севкупен имот се проценува на 90,3 милијарди долари. Шести е поранешниот раководител на „Мајкрософт“ Стив Балмер со 72,2 милијарди долари. 

Промовирани огласи »

Најбогатиот Словенец, Санди Чешко, смета дека има услови за враќање на дел од производството од Исток во САД и Западна Европа, наведувајќи дека платите во добар дел од Балканот – во Македонија, Србија, БиХ, денес се многу пониски отколку во Кина.

Во интервју за хрватскиот „Новац.хр“, Чешко изјави дека пренесувањето на производството од развиените во неразвиените земји е начин на кој капиталот де факто се лизна од тепих под нозете на синдикатите и последица е тоа што последните триесет или четириесет години порасна.

„Од друга страна, заради економскиот развој, платите во Кина растат. Работите се скоро еднакви. Значи, нема разлика кај платите, значителен број работници работат во несигурниот систем и во вакви околности лесно е да се вратат значителен број работни места во САД и Западна Европа. Сè уште не сме свесни за тоа, но платите во добар дел од Балканот – во Македонија, Србија, БиХ – денес се многу пониски отколку во Кина. И тоа е главната причина зошто денес зборуваме за враќање на дел од индустријата “, наведува тој.

Сега е време за оние кои можат радикално да ги преземат работите. Погледнете ги сите проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус и со кои се соочуваат сите компании низ целиот свет. Овие не се проблеми што можат да се решат во рамките на нивните воспоставени процеси. Сега секој рутински процес е всушност товар. Треба да дејствуваме радикално. Дури би рекол дека ние на Балканот во вакви околности имаме предност пред Западните земји затоа што сме навикнати да работиме во вакви околности. Навикнати сме на хаос. Но, проблемот е во тоа што ние честопати не сме свесни за тоа заради тие комплекси за кои зборував претходно. Студио Модерна овде, во Источна Европа, разви бизнис концепт кој беше десет години пред остатокот од светот.

Извор: Новац.хр

Промовирани огласи »

Просечната плата во мај изнесувала 26.390 денари и пораснала за 4,4% во однос на истиот месец лани

Платите пораснале а голем дел од граѓаните не почуствувале. Зошто?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 104.4.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (23,7 %), Образование (12,3 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8,1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (15,5 %), Градежништво (5,2 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 26.390 денари.

Промовирани огласи »

Вашиот компјутер ги памети и ги чува корисничките имиња и лозинките што ќе ги внесете во него. Но, дали знаете каде се наоѓаат и како можете да стигнете до нив? Краткиот водич во продолжение ќе ве научи како да ги најдете лозинките сочувани во оперативниот систем „Виндоус“ (изданија 10, 8 и 7) и да ги менувате, бришете или да додавате нови.

Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 10“?

Во опцијата за пребарување на компјутерот напишете cmd.
Ќе ви се појави прозорец од „Command Prompt“. Во тој прозорец напишете rundll32.exe keymgr.dll,KRShowKeyMgr. Ќе се појави прозорецот „Stored User Names and Passwords“ со сите ваши снимени кориснички имиња и лозинки. Тука можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате. Ако сакате да направите безбедносна копија (backup), кликнете на „Back up“ и следете ги упатствата. Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 8“ и „Виндоус 7“?

Кликнете „Start“, па отворете „Control Panel“. Кликнете „User Accounts“.
Изберете „Manage your Credential“. Ќе се појават сите ваши зачувани кориснички имиња и лозинки. Можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате, како и да направите безбедносна копија или да ги повлечете оние за кои сте направиле безбедносна копија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »