Промовирани огласи »

Најбогатиот човек во светот поседува богатство вредно 171 милијарда долари. 

Се зголемува богатството на Џеф Безос и тој сега е побогат од било кога. 

Луѓето ширум светот поради кризата со коронавирусот се фокусираа кон онлајн тргување, а Амазон има сериозни приливи на средства.

Дури и по разводот, поради кој Безос беше  приморан на својата поранешна сопруга да и исплати 36 милијарди долари, неговото растечко богатство е незапирливо.

Неговиот претходен рекорд е регистриран во септември 2018 година. 

Во тој период, Амазон вредеше 167,7 милијарди долари. Сега овој број се искачи на 171,6 милијарди долари.

Во 2018 година беше објавено дека Безос за само една година двојно го зголемил своето богатство. 

Промовирани огласи »

До 31 август македонските државјани нема да може да патуваат во Шведска. 

Владата на Шведска ги продолжи ограничувањата за патувања во земјата до 31 август. 

Одлуката се носи на препорака на Европскиот совет.

„Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, информираа од владата.

Оваа мерка беше воведена во март за да се спречи ширењето на коронавирусот и исклучок од сегашната одлука ќе бидат истите 14 „безбедни“ држави кои се најдоа на последната листа на Европската Унија: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Македонците можат слободно да патуваат во Србија, Албанија, Косово и Турција. 

Во ЕУ засега се затворени вратите за нашите државјани. 

Во Македонија бројката на починати од коронавирусот се искачи над 300. 

Само за 24 часа има 15 починати во земјава од Ковид -19. 

Во меѓуреме, можно е Македонија да ја затвори границата кон Србија и Косово затоа што бројот на заразени расте во овие земји.  

За ова одлука ќе има утре. 

Промовирани огласи »

Чекајте пари во август: Пет милиони евра на сметките за скенираните фискални

Исплатата ќе биде во август за сметките кои се сенирани во второто тримесечје односно во април, мај и јуни

Управата за јавни приходи ќе им исплати на граѓаните кои скенираат фискални сметки 5,44 милиони евра поврат. Исплатата ќе биде во август за сметките кои се сенирани во второто тримесечје односно во април, мај и јуни. 

Од УЈП соопштија дека во овие три месеци регистрирани се 24.974 нови корисници на апликацијата Мој ДДВ. Во тие месеци скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки а направен е промет од 21.414.380.426 денари. Поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

„Повратот на 15 проценти од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот. Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање, стои во објавата.

Промовирани огласи »

Од 13 јули „Кроација ерлајнс“ воведува линија Загреб-Скопје

Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од средината на овој месец ќе воведе линија од Загреб кон Скопје.

Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од средината на овој месец ќе воведе линија од Загреб кон Скопје.

Линијата Загреб-Скопје повторно се воведува од 13 јули со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од 22 јули уште две поаѓања неделно, секоја среда и недела, пренесува SeeBiz.

Најавени се авиони А319 со капацитет од 144 седишта за сите четири летови неделно.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »