Промовирани огласи »

Денеска завршува важењето на уредбата со законска сила со која од април се запре извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите до 30 јуни. 


Според одредбите од оваа Уредба до 30 јуни, извршителите беа должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка. За ова време извршителите можеа да примаат барања за извршување, но само да ги евидентираат. До сега можеа и да изготвуваат налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Во меѓувреме не запре пресметката на каматата на долгот што го имаат физичките и правните лица. До сега граѓанте и фирмите кои имаа задршки на плати или од сметки по основ на некое извршно решение, за истото до 30 јуни не требаше да плаќаат, односно банката не смееше да им задржува рата во висина која била договорена.

Извршителите во изминатиот период не смееја да прават нови извршни дејства освен во некои случаи кои јасно стојат во владината уредба. Старите решенија по основ на кои веќе се задржува од сметките беа стопирани до 30 јуни. Должниците кои немале задршки од плата, а кои самоволно уплатувале по дел од долгот на месечно ниво, во меѓувреме имаа право да престанат со тоа. 

Извршителите за овој период тврдеа дека приходите ќе им бидат намалени за над 90 отсто и вели дека ова ќе се одрази на нивната работа.

Инаку и работодавачите и ФПИОМ и носителите на платниот промет односно банките беа должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром не го прифати предлогот за неплаќање во градинките додека траат вонредните мерки

Предлогот за неплаќање на сметките во градинките додека траат вонредните мерки не бил прифатен и не стасал на дневен ред во Општина Аеродром.

Предлогот за неплаќање на сметките во градинките додека траат вонредните мерки не бил прифатен и не стасал на дневен ред во Општина Аеродром, информира Весна Маркоска, член на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во оваа скопска општина.

- Како член на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во #ОпштинаАеродром ги информирам родителите што ни се обратија за помош дека на денешната, 41ва седница на Советот не ни беше прифатен предлогот да се прошири дневниот ред со дополнителна точка (за која очекувавме да се вклучат во дискусија сите членови на советот) – Управните одбори на градинките да донесат согласност за неплаќање на надомест во период на траење на вонредната состојба и вонредните мерки, објави Маркоска.

Промовирани огласи »

Забранет влез за Македoнците во Грција?

Ќе заборавиме ли на грчките плажи оваа година?

Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули.

Според каталагот на ЕУ, граѓаните на Македонија како што објави и „Еуроњуз“ нема да може да патуваат в земјите дел од Европската Унија.

Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и континуирано ќе се оценуваат податоците“.

Станало збор за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.

Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.

На состанокот присуствувале министрите за здравство, за туризам, за дигитална политика, за поморство и островска политика, замениците-министри за здравство, цивилна заштита, за координација на работата на владата, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје и професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19.

извор - лидер.ком.мк

Промовирани огласи »

Шекеринска: Домашна картичка ќе добијат уште две нови категории на граѓани

Уште две категории граѓани ќе ги добијат овие картички

Радмила Шекеринска, заменик претседателката на СДСМ најави дека о четвртиот пакет економски мерки предвидено е картичките за купување на домашни производи да опфатат уште две категории на граѓани и тоа невработени лица кои не се пријавувале во агенцијата за вработување и втората категорија ќе бидат сите пензионери, со пензии под 15.000 денари.

Шекеринска најави и зголемување на минималната плата.

„Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епиде*ијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Дебар.

Таа додаде дека заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и дека целта е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари.

„За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон наиште компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции“, нагласи Шекеринска.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »