Промовирани огласи »

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

Досега имаме над 60.000 симнати апликации СтопКорона. Често повторувам дека бројката не е мала, но навистина очекувам да е поголема, особено сега во ова време кога се олабавени рестриктивните мерки но и кога имаме зголемен број на заразени и многу е важно да ги користиме сите можни алатки за идентификација на контактите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефикасноста на апликацијата, Манчевски апелираше до граѓаните да ја симнат апликацијата, бидејќи таа не користи никакви лични податоци.

– Во текот на оваа недела ќе објавиме и независна ревизија од страна на независни експерти на апликацијата, со што уште еднаш ќе ги увериме граѓаните дека е апсолутно безбедна за користење и таа само може да им помогне на епидемиолозите во пронаоѓање на контактите доколку некој се потврди дека е позитивен во претходните 14 дена, рече Манчевски.

Промовирани огласи »

Градинките ќе се отворат навремено, деновиве целосно ќе заврши скринингот на вработените, најави Спасовски

Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.

Премиерот Оливер Спасовски очекува градинките да се отворат навремено кога ќе биде завршен комплетно скринингот и кога ќе се почувствува дека и децата и вработените во градинките ќе бидат безбедни.

Тој информира дека вчера од Министерството за здравство бил известен оти уште некој ден ќе заврши целосниот скрининг на сите вработени во градинките, по што, најави, ќе се разговара прво во Комисијата за заразни болести, а потоа и во Владата за денот на отворањето на градинките.

– Ситуацијата со Ковид – 19  е непредвидлива секаде не само кај нас. Зависно од тоа како ние се однесуваме можеме да ја имаме предвидливоста пред нас, а одговорноста на секој еден човек, одржувањето дистнца, носење заштитна опрема ќе придонесе за подобрување на состојбата со Ковид – 19 , изјави премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ направија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, општина Кисела Вода.

Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.

– Што повеќе почитуваме мерки, држиме дистанца, што повеќе носиме заштита опрема, толку повеќе че се враќаме во нормалниот живот во државата. Ковид – 19 е болест со која ќе мора да се научиме да живееме и понатаму, межутоа одговорното однесување мора да придонесе сето тоа да биде во рамки што може да ги поднесе и здравствениот систем и државата, рече меѓу другото Спасовски.

Промовирани огласи »

По повод 6-от роденден на haPPy лојалната програма и happy картичката „Нептун Македонија“ овој 18-ти јуни подготви специјална понуда и супер цени за своите купувачи. Со роденденската акција „Нептун Македонија“ им обезбеди на сите лојални купувачи големи роденденски haPPy попусти, 100 подароци за најсреќните haPPy купувачи и двојно повеќе haPPy поени.

Како благодарност за неизмерната доверба и лојалност во овие 6 години, на сите haPPy домаќинства, Нептун им подготви возбудливо шопинг искуство на купувачите во сите 25 продажни салони во Македонија. Посетете ги продажните салони, купете по супер цени и до 60 рати, добијте двојно повеќе happy наградни поени на вашата картичка и бидете потенцијален добитник на некоја од 100-те награди! Погледнете го промотивниот каталог од роденденската акција на https://www.neptun.mk/.

Покрај роденденска happy card акција, Нептун целиот месец јуни го посвети на купувачите кои се дел од лојалната програма. Токму во овој месец, бројката на издадени happy картички т.е купувачи достигна јубилејна бројка од 300.000.

Промовирани огласи »

Поставена е опцијата со која можете да го вратите донираниот поврат на ДДВ

Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија

Денеска е поставена опцијата со која можете да ја откажете донацијата на апликацијата „Мој ДДВ“, информира директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

- Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата ,,Мој ДДВ". Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата “МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јан-март 2020 за справување со COVID-19.. Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата “МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година, објави Лукаревска.

До сега во солидарниот фонд за справување со корона-кризата се донирани околу 10 милиони денари од граѓаните, кои наместо да го добијат на своите сметки, го вратиле повратот од „Мој ДДВ“.

Со измени на уредба на граѓаните Владата им овозможи да си го вратат на своите трансакциски сметки по грешка донираниот „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд за справување со корона-кризата.

Физичките лица кои дале по грешка согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година ќе може да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

Голем број граѓани пред да се направи оваа измена реагираа дека по грешка махинално реагирае на опцијата за праѓање на повратот од „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд и дека потоа немале можност тоа да го исправат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »