Промовирани огласи »

Поставена е опцијата со која можете да го вратите донираниот поврат на ДДВ

Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија

Денеска е поставена опцијата со која можете да ја откажете донацијата на апликацијата „Мој ДДВ“, информира директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

- Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата ,,Мој ДДВ". Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата “МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јан-март 2020 за справување со COVID-19.. Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата “МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година, објави Лукаревска.

До сега во солидарниот фонд за справување со корона-кризата се донирани околу 10 милиони денари од граѓаните, кои наместо да го добијат на своите сметки, го вратиле повратот од „Мој ДДВ“.

Со измени на уредба на граѓаните Владата им овозможи да си го вратат на своите трансакциски сметки по грешка донираниот „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд за справување со корона-кризата.

Физичките лица кои дале по грешка согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година ќе може да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

Голем број граѓани пред да се направи оваа измена реагираа дека по грешка махинално реагирае на опцијата за праѓање на повратот од „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд и дека потоа немале можност тоа да го исправат.

Промовирани огласи »

Граничните премини се отвораат од денеска, хотелите од понеделник

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите.

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини. Владата донесе и протоколи за функционирањето на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), кој почнува да се применува од понеделник 22 јуни.

Владата донесе одлука од денеска да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Промовирани огласи »

ОНИЕ ШТО ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ПОРАДИ КОРОНАТА - имаат уште десет дена да се пријават за државна помош

Имаат уште десет дена да се пријават за државна помош

Оние што останале без работа во пикот на коронакризата, независно од времето поминато во работен однос, можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. 

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.

„Системите на социјална сигурност се состојат од два механизми. Првиот механизам е користење на паричен надомест врз основа на Законот за осигурување во случај на невработеност. За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба којашто го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според Уредбата, сите оние коишто останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок“, посочи Шкријељ.

Аплицирањето е веќе во тек. Сите оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. Рок за поднесување на барањата е 26 јуни. Досега во Агенцијата се пристигнати над 2.300 барања.

Дополнителната заменик министерка Шкријељ укажа дека Владата и Министерството за труд и социјална политика обезбедиле брз пристап до материјално обезбедување и за онаа група невработени кои претходно работеле со договор на определено време и кој по сила на закон истекол, а немаат потребен минимум од 9 месеци непрекинат стаж или 12 месеци стаж со прекин, за да остварат право на паричен надоместок.

Промовирани огласи »

ШВАЈЦАРИЈА: Пад на економијата каков немало повеќе од 40 години

Пандемијата остави скоро 2 милиони луѓе без работа

Економијата во Швајцарија годинава има најголем пад од 1975 година поради пандемијата на коронавирусот, односно тој изнесува 6.2 отсто. 

Околу 1,9 милиони луѓе или 37 проценти од работната сила се пријавиле за државна помош.

Пандемијата ги погоди производството и работните места, соопшти швајцарската Влада.

Швајцарската влада очекува закрепнување во текот на втората половина од годината, ако не се случи масовен втор бран на заразата. 

За 2021 година се предвидува економски раст од 4,9 проценти, иако невработеноста ќе остане висока на 4,1 процент.

Швајцарија важи за една од најбогатите земји во светот. 

Таа е најбезбедна земја во светот за КОВИД-19, објави Форбс на почетокот на месецот. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »