Промовирани огласи »

Поголем поврат на ДДВ ќе добиете ако купувате домашно, помал за странско

При скенирањето на фискалните сметки

Доколку купувате домашни производи, повратот на „Мој ДДВ“ кој ќе го добиете со скенирањето на фискалните сметки ќе ви биде поголем, но затоа пак ќе добиете помалку пари на вашата трансакциска за странските. До сега за сите производи и услуги повратот беше 15 отсто од данокот, но сега за домашните се зголемува за 5 процентни поени, а за странските се намалува за толку.

Ова решенија Владата го донесе на вчерашната седница заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги со измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба.

Враќањето на ДДВ за промет на домашни производи и услуги се зголемува од досегашните 15 на 20 отсто, а за останатиот промет враќањето на данокот се утврдува на 10 проценти од пресметаниот ДДВ искажан во фискалната сметка.

Со измените во истата уредба на граѓаните им се овозможува да си го вратат на своите трансакциски сметки по грешка донираниот „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд за справување со корона-кризата.

Физичките лица кои дале по грешка согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година ќе може да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година.

Промовирани огласи »

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест

Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

За македонски државјани, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – ДебарСтруга, ВиницаБерово и КочаниДелчево.

Промовирани огласи »

Кабински пресонал во заштитни костуми, здравствени потврди за патниците, задолжителни маски за лице и долги чекања за пријавување на лет, ќе бидат новата реалност во патничкиот воздушен сообраќај.

Многу луѓе фантазираат за повторно патување со авион, но веројотно летовите ќе се соочат со промени што ќе бидат попроблематични од оние воведени по нападите на 11 септември 2001 година во САД. Покрај стандардните безбедносни проверки што беа тогаш воспоставени, патниците сега ќе се соочат и со серија на здравствени протоколи, како последица на коронавирусот.

„Пред пандемијата, моравме да пристигнеме два часа пред летот. Овој пат веројатно ќе биде четири часа порано”, вели Индонезиецот Сујанто по лет на домашна линија. Тој, исто така, се пожалил на големите редици и долгите проверки, дури и пред да дојде до шалтерот за чекирање.

Патниците таму мора да ја пријават причината за патувањето, да покажат документација дека се без корона, да поминат неколку проверки и да соопштат детали за движењето по слетувањето.

„Скапо е и напорно. Со вакви строги правила, мислам дека луѓето ќе размислат двапати пред да решат да патуваат”, истакнал тој 40-годишник, кој платил двојно повеќе за билет од порано, бидејќи некои места во авионот морало да останат празни поради пропишаната мерка за физичко растојание.

Експертите велат дека последиците од пандемијата врз воздушниот сообраќај ќе бидат далекусежни. Агенцијата за цивилен транспорт на ОН состави серија упатства за безбедно летање во време на коронавирус, која предвидува од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот низ кој поминуваат луѓето.

Покрај тоа, Сојузот за меѓународен за воздушен сообраќај (IATA) ги советува владите пред патувањето да соберат податоци за патниците, вклучително и медицински податоци и пристапот до аеродромите да го ограничат само за луѓе за кои патувањето е од итни и неодложни причини.

Другите мерки вклучуваат редизајнирање на преминот кон авионите за избегнување на турканици, побрзо качување и сместување на патниците во авионот, скратување на процесот на собирање на багажот, па дури и забрана за чекање во групи пред тоалетите за да се намали интеракцијата меѓу патниците.

Промовирани огласи »

На овие места ќе може да се трошат парите од домашната платежните картички

На овие места ќе може да се трошат парите од домашната платежните картички

Корисници на Домашната платежна картичка се граѓани со низок доход, односно 115.927 лица – приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на УЈП. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка.

Дел од банките започнаа со процесот на издавање на домашна платежна картичка, кои ќе се користат за купување на македонски производи, согласно уредбата на Владата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници.

Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одморалишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало, продавници за храна и пијалаци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.

Продавниците ќе треба да обезбедат обележани гондоли-рафтови со ознака „Купувам домашно”. Со картичката може да се плаќаат македонски производи и услуги на физички и онлајн локации на деловни субјекти кои вршат одредените дејности, но не може да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки.

Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка e објавена на страната kupuvamdomasno.gov.mk. Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката. Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот на финансиска поддршка, или лицето ќе може да ја подигне во банка. Банките оваа информација треба да ја објават на својата веб-страна и ќе исконтактираат во јавност.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »