Промовирани огласи »

Финансиската полиција ќе проверува дали 4 лица на иста маса се од едно семејство

Од денеска пазарните инспектори заедно со претставници од финансова ќе вршат контроли во угостителските објекти.

Финансиска полиција ќе утврдува дали четирите лица на една маса се од исто семејство. Од денеска пазарните инспектори заедно со претставници  од финансова ќе вршат контроли во угостителските објекти. Отако објектите почнаа со работа се отвори прашањето кои ќе ги легитимира гостите дали ги почитуваат протоколите. Пазарните инспектори тврдат дека за тоа немаат овластување, а истото го посочија и угостителите , поради што побараа од надлежните измени во одредени делови на протоколите. Но засега продолжува да важи истиот правилник за работа, a легитимирањето ќе го прават лица од  финансиска полиција.

Во изминатите  денови угостителите најмногу казни добиле за примање гости и во внатрешниот дел од објектите, за недоволно дезинфекциски средства во објектот и прекувремената работа.

Казни и опомени има и за хотели  дека примале гости. Угостителите реагираа на ова со образлоение дека тие никогаш со уредба не биле затворени. Но од пазарниот инспекторат тврдат дека и за хотелите важат истите уредби како и за сите угостители. За нив се чека да бидат изготвени протоколи за работа.

Промовирани огласи »

За помалку од месец дена, македонските државјани ќе можат да патуваат во Европската Унија. 

Eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер oбјави дека Европската Унија планира да ги отвори своите граници за македонските државјани на 1 јули. 

„Европската комисија препорача на 1 јули да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, имајќи предвид дека епидемиолошката ситуација во овие земји е слична или подобра од онаа во Европската Унија“, напиша Вархеји.

Донесена е одлука за укинување на сите гранични контроли во рамките на Шенген зоната до 15 јуни.

Поради пандемијата на коронавирусот, границите беа затворени. 

  

Промовирани огласи »

ССМ: Компании иако земале државна помош не им исплатиле плати на работниците

ССМ бара субвенции на плати и во јуни, ама исплатата да е директно на сметка на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците.

Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите дека на работниците им се исплаќа помал износ на плата од она што работодавачите го добиле како финансиска помош, а на некои и воопшто не им се исплаќале плати.

По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека е во постапка на вршење на анализа на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, Управата за јавни приходи по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд  и заеднички и координирано ќе постапува, се вели во соопштението од ССМ и се додава дека до УЈП има стигнато претставки за непочитување на оваа мерка.

Промовирани огласи »

Сопственикот на „Зара“ затвора 1.200 продавници

„Зара“ ќе затвори 1.200 продавници во светот

Сопственикот на модниот гигант „Зара“ планира да затвори 1.200 продавници ширум светот. „Индитекс“, најголемиот светски продавач на облека, го најави затворањето откако извести дека паднала продажбата во првиот квартал поради пандемијата на коронавирус.

Компанијата, која поседува модни брендови межу кои се Zara, Massimo Dutti и Pull & Bear, има речиси 7.500 продажни места во 96 земји.

Затворањето на продавниците е дел од новата стратегија на шпанската компанија вредна 4,5 милијарди долари, која ќе инвестира во нови технологии со цел на клиентите да им го олесни купувањето преку интернет.

извор: Makfax

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »