Промовирани огласи »

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска изјави дека мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за работодавачите заради исплата на плати се продолжува за уште еден месец (јуни). 

„Со продолжувањето ќе се даде поддршка на сите компании кои и во текот на месец јуни ќе се соочат со пад на приходите поголем од 30%, со цел да ги задржат работниците и платите на соодветно ниво. Согласно барањата од бизнис заедницата и направените аналзи, како и согласно можностите, на денешната седница Владата ја усвои Уредбата за изменување со која се предвидува продолжување на мерката и за месец јуни“, информира Ангеловска. 

Мерката е дел од вториот сет мерки, креирана за периодот во кој економијата и компаниите се соочија со најголемиот удар, кога беа на сила рестриктивните мерки и целосно затворање, додека сега се наоѓаме во фазата на постепено реотворање на економијата и период на заживување.

„Согласно тоа очекуваме дека потребата за користење на мерката за јуни ќе биде помала, но секако кога имаме простор ја даваме можноста да ги помогнеме сите на кои ќе им биде потребна поддршката.Третиот сет на мерки креиран за фазата на заживување усвоен од Владата предвидува значајна поддршка за стопанството и директна финаннсиска поддршка за зголемување на конкурентноста и забрзување на опоравувањето во следниот период. За таа цел беше усвоена и Уредбата за финансиска поддршка за зајакнување на конкуренстноста и поттикнување на инвестициите и индустријата со која ќе биде ставена на располагање финансиска поддршка од 20 милиони евра“, додава министерката. 

Повикот ќе го објави Министерството за економија кон крајот на неделата.

Во меѓувреме, готови се списоците на лицата кои исполнуваат услови и кои ќе добијат домашна платежна картичка од Владата.

Промовирани огласи »

На денешната 64-та седница Владата донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, со која се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со КОВИД-19 за време на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година.



Уредбата определува кои услови и критериуми треба да бидат исполнети за стекнување на правото за користење на субвенционирањето на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите.

Промовирани огласи »

Лидл демантира дека планира отворање маркет во Македонија

Лидл не планира да се шири во Македонија

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ги демантира неодамнешните информации дека планира отворање маркет во нашата држава.

Како што велат од компанијата за Дојче Веле, „Лидл“ не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата.

-Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија, велат од прес-службата на компанијата.

Лидл во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети. Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Лидл нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

Промовирани огласи »

Туристичките ваучери – Можност за одмор или нешто друго?

Кој има право на овие ваучери?

Сите вработени со плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во корона-кризата. Дел од туристичките работници се сомневаат дека дел од граѓаните може да ги продаваат ваучерите во некои хотели за половина цена, а воопшто да не летуваат. Властите уверуваат дека шансите за такво нешто се многу мали.

Туристичките ваучери, кои ги најави владата ќе му помогнат на домашниот туристички сектор колку – толку да го преживее ударот од пандемијата на коронавирусот, велат туристичките работници. Со оглед на тоа што се работи за ваучери од 6000 денари за луѓето со ниски примања, веројатно повеќе ќе се офајдат приватните станоиздавачи, кои се поевтини, отколку хотелите, во кои со тие пари може да се уплатат само неколку ноќевања. Од друга страна, туристичките работници предупредуваат дека се можни итарпејовски злоупотреби.

Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи пониски од 15 илјади денари месечно, односно да не заработиле повеќе од 60 илјади денари од почетокот на годинава до крајот на април, да добијат ваучер од 6000 денари, кој може да го искористат во сите категоризирани угостителско – туристички објекти во земјава од 15 јули до 15 декември. Во Министерството за економијата велат дека оние кои ќе заминат на одмор и ќе го активираат ваучерот, ќе добијат и џепарлак од 3000 денари, односно платежна картичка со која ќе може да плаќаат во кафеани и кафулиња. Граѓаните не треба да аплицираат за добивање ваучер, туку на сите кои ги исполнуваат условите УЈП ќе им го испрати на е-маил адресата која ја имаат доставено до нив. Во Министерството за економијата очекуваат ваучери да добијат 115 илјади граѓани.

Претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, Крсте Блажевски вели дека во секој случај ваучерите ќе му помогнат на туризмот за да ја преживее оваа сезона. Сепак, главна мерка за помош би била намалување на бројот на заболени од коронавирус, зашто во ваква ситуација на луѓето им е страв, вели тој.

„Заработка нема да има, туку работата е кој колку може да издржи да финансира во бизнисот за да нема отпуштања, да може и вработените во тој сектор да преживеат. Не е само за бизнисот да ги отпушти сите вработени, да стави клуч на врата и да отвори кога ќе дојдат подобри времиња. Зборуваме за опстанок“, вели тој.

Со оглед на тоа што 6000 денари се малку за одмор во хотел, Блажевски очекува и цените да паднат зашто сега сите се трудат да заработат некој денар повеќе, а оваа година не може да се надеваат на странски гости.

повеќе на https://www.slobodnaevropa.mk

Тагови: туристи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »