Промовирани огласи »

СИНДИКАТОТ СО ЈАСНО БАРАЊЕ: Работниците што не одат на работа поради изолација, да добијат 100 отсто од платата

ССМ бара заболените од КОВИД-19 и работниците во изолација да добијат цела плата

На работниците заболени од Корона вирус, COVID – 19, работниците кои се во изолација или во самоизолација поради изложеност на коронавирус, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 отсто.

Ова го бара најголемиот синдикат во земјава, Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Во изминатиот период, сведоци сме дека голем број на работници не по нивна вина, или се заболени од COVID – 19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник кој бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното места и од тие причини потребно е Владата, веднаш преку носење на Уредба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 отсто како надомест на плата за боледување, односно за време на привремена неспособност за работа“, велат од ССМ.

Со ваквата Уредба, според нив, ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во тие исклучително сложени и тешки моменти за нив, а со тоа ќе се обезбеди и сигурност на платата и егзистенција на работниците се со цел наминување на таквата состојба.

„Потсетуваме дека обврска на сите нас е да ги зачуваме здрави работниците, бидејќи само здрави работници, можат да ја вратат економијата на здрави нозе“, велат од ССМ. 

Дополнително, укажуваат дека реагирале на појави во одредени компании кога  работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале Државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците.

„Управата за јавни приходи потребно е веднаш да информира кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500 на работниците, поради тоа што на крајот на денот, таа државна помош ќе биде враќана преку даноците кои ги плаќаат токму работниците, а во тој случај за нашите пари бараме транспарентност и отчетност. Владата потребно е да го има ова во предвид при продолжување на финансиската поддршка за исплата на плати“, соопштуваат од синдикатот.

Промовирани огласи »

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави Филипче.

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери изјави дека што се однесува до главниот град Скопје, скринигот на вработените во градинките по пауза од три дена, продолжил денеска.

-Поради растот на случаите со Ковид-19 повеќе се посветивме на случаите кои беа поургентни и лица со хронични болести и што побрзо откривање на нивните резултати кои на крај испаднаа позитивни, рече Зибери.

Ќе се тестираат околу 2.000 лица вработени во градинките, а досега се тестирани 1.667, како и 545 вработени од домовите за стари лица. 

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Ова се новите цени

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,23%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.

Промовирани огласи »

Ваучер од 6.000 денари за 115.000 граѓани: Чекајте го кодот на маил

Ваучер од 6.000 денари за 115.000 граѓани: Чекајте го кодот на маил

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот, објавува Владата.

Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам. Првично Владата тврдеше дека ваков ваучер ќе добијат 130.000 луѓе.

Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари. На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхранa.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »