Промовирани огласи »

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави Филипче.

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери изјави дека што се однесува до главниот град Скопје, скринигот на вработените во градинките по пауза од три дена, продолжил денеска.

-Поради растот на случаите со Ковид-19 повеќе се посветивме на случаите кои беа поургентни и лица со хронични болести и што побрзо откривање на нивните резултати кои на крај испаднаа позитивни, рече Зибери.

Ќе се тестираат околу 2.000 лица вработени во градинките, а досега се тестирани 1.667, како и 545 вработени од домовите за стари лица. 

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Ова се новите цени

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,23%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.

Промовирани огласи »

Ваучер од 6.000 денари за 115.000 граѓани: Чекајте го кодот на маил

Ваучер од 6.000 денари за 115.000 граѓани: Чекајте го кодот на маил

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот, објавува Владата.

Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам. Првично Владата тврдеше дека ваков ваучер ќе добијат 130.000 луѓе.

Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари. На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхранa.

Промовирани огласи »

Завршува карантинот за Скопје, Штип, Куманово и Тетово, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори

Кои ќе бидат следните чекори на Комисијата за заразни болести? Кое е вашето мислење?

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите.

Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.

Владата оваа одлука ја донесе во средата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, а аптеките работат непречено.

Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени остануваат да важат, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците е во периодите 8 до 8:30, 15 до 15:30 и 20 до 20:30 часот.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани биле 481 прекршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 биле приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до утре до 5 часот наутро. Забрана за движење на територија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »