Промовирани огласи »

МЗЗПР: 100% плата за секој вработен-заболен од коронавирусот на работното место

Предлог текст на уредба до Владата со која бара на секој заразен на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100%.

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст на уредба до Владата со која бара на секој заразен на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100%. До овој момент, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од своето работно место поради Ковид-19, Фондот за здравствено осигурување им исплатува само 70% од плата, како за редовно боледување.

Оттаму велат дека со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата, целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сé работата која ја работат.

„Истовремено, земајќи ги предвид актуелните случаи на зараза со новиот коронавирус на работните места, на сите работодавачи ќе им биде отстранета недоумицата и ќе им бидат дадени јасни насоки и упатства како да постапат во случај кога нивен вработен е дијагностициран со САРС-КоВ-2 или, пак, ја развил болеста Ковид-19.

Истовремено, со усвојувањето на овој правен акт, ќе може да се оствари правото на боледување како последица на несреќен случај, односно заразување со новиот корона вирус ќе биде признаено како професионално заболување на секој работник кој работел на работно место каде постои потенцијална можност за изложеност на САРС КоВ-2. Со ваквиот пристап и регулација, правото ќе може да се оствари и доколку вработениот бил во самоизолација како резултат на контакт со потврден случај на
заболен со коронвирусот на работното место“ се наведува во образложението.

Оваа предлог уредба има за цел да даде конкретен придонес во националната битка со Ковид-19, а од МЗЗПР очекуваат да биде усвоена од страна на Владата на првата наредна нејзина седница. Истата, како што велат, е подготвена од страна на работна група во која учествуваат еминентни авторитети од областите: безбедноста и здравјето при работа, труд, медицина, обврски и права на работодавачи, заштита на права на работници и други.

Промовирани огласи »

Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот.

Граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

Предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари.

Оваа категорија на граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, во период од 15 јули до 15 декември 2020 година.

Според постапката за добивање на ваучер, УЈП ги доставува податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, а потоа на истите преку електронска пошта им се доставува ваучер со код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

Промовирани огласи »

Апликацијата „Стоп корона“ досега не открила ниту еден случај на корона вирус

Апликацијата не се покажа како успешна.

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за помош во борба со корона вирусот, заклучно со вчерашниот ден не открила случај на корона вирус, пишува pina.mk.

До 04.06. четврток, преку апликацијата „СтопКорона!“ не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот. Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање. велат од Министерството за здравство за ПИНА .

Промовирани огласи »

Wizz Air ја продолжува суспензијата на сите летови до земјава и од неа

Еве до кога е продолжена суспензијата

Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни.

Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Македонија.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови што ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака, информира компанијата и додава дека 120 проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката кои ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air, стои во соопштението, искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добросостојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »