Промовирани огласи »

Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот.

Граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

Предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари.

Оваа категорија на граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, во период од 15 јули до 15 декември 2020 година.

Според постапката за добивање на ваучер, УЈП ги доставува податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, а потоа на истите преку електронска пошта им се доставува ваучер со код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.

Промовирани огласи »

Апликацијата „Стоп корона“ досега не открила ниту еден случај на корона вирус

Апликацијата не се покажа како успешна.

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за помош во борба со корона вирусот, заклучно со вчерашниот ден не открила случај на корона вирус, пишува pina.mk.

До 04.06. четврток, преку апликацијата „СтопКорона!“ не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот. Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање. велат од Министерството за здравство за ПИНА .

Промовирани огласи »

Wizz Air ја продолжува суспензијата на сите летови до земјава и од неа

Еве до кога е продолжена суспензијата

Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни.

Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Македонија.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови што ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака, информира компанијата и додава дека 120 проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката кои ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Wizz Air, стои во соопштението, искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добросостојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »