Промовирани огласи »

За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки.


Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата. Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба.

Промовирани огласи »

На автопатот Скопје-Штип ќе бидат изградени две нови патарини, односно до крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради истите на новата автопатска делница долга 47 километри. Двете наплатни рампи ќе бидат изградени кај Преод и кај Кадрифаково. Согласно владината одлука ќе чинат по 50 односно 70 денари. Или заедно со постоечката кај Скопје од главниот град до Штип патувањето во еден правец ќе чини 160 денари.

Покрај двете нови патарини кон Штип, нова рампа има и кај Демир Капија на автопатот кон Грција, таа е речиси готова. Иако се уште не се знае дали ќе биде пуштена во употреба пред новата туристичка сезона, според владината одлука тука ќе се наплаќаат 60 денари. На новата делница од Демир Капија до Гевгелија лани профункционира наплатната рампа која чини 100 денари.

Приходите од патарини во перидоот од јануари до април годинава се намалени за околу 10% споредено со лани. Во март и април, заради корона кризата намалувањето изнесува над 35% споредено со истите месеци во 2019 година.

Извор: Нетпрес

Промовирани огласи »

Фото: Отвори ЗОО Скопје по два и пол месеци

Ги прими првите посетители по подолго време

Скопската зоолошка градина денеска ги отвори вратите за првите посетители по два и пол месечно неработење поради епидемијата на коронавирусот.

Фановите на ЗОО Скопје при влез треба задолжително да носат маска или марама и да бидат на пропишана дистанца.

Строго е забрането хранење и доближување до животните и не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта.

Промовирани огласи »

Драстичен скок на цената на горивата

Раст на цените на горивата од 2,5 до 3 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголемува за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар па „еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари. 

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »