Промовирани огласи »

На автопатот Скопје-Штип ќе бидат изградени две нови патарини, односно до крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради истите на новата автопатска делница долга 47 километри. Двете наплатни рампи ќе бидат изградени кај Преод и кај Кадрифаково. Согласно владината одлука ќе чинат по 50 односно 70 денари. Или заедно со постоечката кај Скопје од главниот град до Штип патувањето во еден правец ќе чини 160 денари.

Покрај двете нови патарини кон Штип, нова рампа има и кај Демир Капија на автопатот кон Грција, таа е речиси готова. Иако се уште не се знае дали ќе биде пуштена во употреба пред новата туристичка сезона, според владината одлука тука ќе се наплаќаат 60 денари. На новата делница од Демир Капија до Гевгелија лани профункционира наплатната рампа која чини 100 денари.

Приходите од патарини во перидоот од јануари до април годинава се намалени за околу 10% споредено со лани. Во март и април, заради корона кризата намалувањето изнесува над 35% споредено со истите месеци во 2019 година.

Извор: Нетпрес

Промовирани огласи »

Фото: Отвори ЗОО Скопје по два и пол месеци

Ги прими првите посетители по подолго време

Скопската зоолошка градина денеска ги отвори вратите за првите посетители по два и пол месечно неработење поради епидемијата на коронавирусот.

Фановите на ЗОО Скопје при влез треба задолжително да носат маска или марама и да бидат на пропишана дистанца.

Строго е забрането хранење и доближување до животните и не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта.

Промовирани огласи »

Драстичен скок на цената на горивата

Раст на цените на горивата од 2,5 до 3 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголемува за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар па „еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари. 

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата.

Промовирани огласи »

IQOS конечно во Македонија

Филип Морис лансираше нов производ

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.

,,IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје.

Од денес, IQOS може да се купи онлајн и да се најде во поголемите трговски центри во Скопје.

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година.

За Филип Морис Интернешнл: Филип Морис Интернешнл (PMI) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да создаде иднина без чад и да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, општеството, компанијата и нејзините акционери. PMI е водечка меѓународна тутунска компанија која на пазарите надвор од Соединетите Американски Држави се занимава со производство и продажба на цигари, производи без чад и придружни електронски уреди и додатоци, како и други производи кои содржат никотин. Покрај тоа, согласно Договорот за лиценца, PMI до Altria Group го испорачува IQOS и неговите додатоци за кој, Американската администрација за храна и лекови има издадено овластување за продажба. PMI ја гради својата иднина на оваа нова категорија производи без чад, кои, иако не се без ризик, се многу подобар избор отколку пушењето. Преку мултидисциплинарен развој на производи, најнапредни истражувачки центри и научни докази, PMI има за цел да осигури дека производите без чад ги исполнуваат преференциите на возрасните пушачи и ригорозните барања на регулативата. За повеќе информации, посетете ги веб-страните: www.pmi.com и www.pmiscience.com.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »