Промовирани огласи »

Киппер ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”, од страна на ИЦЕРТИАС / Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS, me çmimin “Mik i Konsumatorëve”

Киппер ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”, од страна на ИЦЕРТИАС / Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS, me çmimin “Mik i Konsumatorëve”

Suksesi i Kipper si kompani u vërtetua dhe nga ICERTIAS (Asociacioni Ndërkombëtar për Certifikim) me çmimin “Mik i Konsumatorëve”.

Ky çmim ndahet pas analizave të shumta në treg dhe mbikqyret nga auditor profesionist te ICERTIAS, i cili çmim u ndahet kompanive që mbajnë marrëdhënie shembullore me klientët e tyre. 

Qëllimi i certifikimit të kompanive me këtë çmim të ICERTIAS është të identifikohen prodhuesit e produkteve dhe ofruesit e shërbimeve, që u ofrojnë klientëve të tyre një nivel të lartë mbështetjeje dhe shërbimi derisa zhvillojnë marrëdhënie cilësore dhe miqësore me ta.

Konkretisht, Kipper u vlerësua dhe shpërblye me këtë çmim për:

• Reputacionin për marrëdhënie të shkëlqyera me klientët

• Komunikimin me klientët

• Përvojen e blerjeve që ofron

• Besimin e krijuar nga marrëdhëniet me klientët

Ky çmim i rëndësishëm dëshmon se Kipper, pergjatë viteve të ekzistimit të saj, ka krijuar marrëdhenie cilësore dhe miqësore me konsumatorët dhe është dedikuar që këtë ta bëjë në mënyrë të vazhdueshme.

__________

Успехот на Киппер како компанија е потврден и од страна на ИЦЕРТИАС (Меѓународно Здружение за Сертификација) од кого ја доби наградата „Пријател на Потрошувачите”.

Оваа награда се доделува по соодветна анализа на пазарот и се врши од страна на професионални ревизори на ИЦЕРТИАС, која им се доделува на компании кои одржуваат примерни односи со нивните клиенти.

Целта на сертификација на компаниите од страна на ИЦЕРТИАС е да се идентификуваат производителите, како и компаниите кои имаат услужна дејност како и да им обезбедуваат на своите клиенти високо ниво на поддршка и услуга развивајќи квалитетни и пријателски односи со нив.

Поточно, Киппер беше пофален и ја доби оваа награда за:


• Репутација за одлични односи со клиентите
• Комуникација со клиенти
• Потрошувачко искуство
• Доверба создадена од врските со клиентите

Оваа важна награда докажува дека Киппер, со текот на годините на постоење, воспоставил квалитетни и пријателски односи со потрошувачите и е посветен на тоа во континуитет.

Промовирани огласи »

Денеска ќе се одлучува дали викендов ќе има полициски час и дали ќе се отворат рестораните

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти. И покрај малото зголемување на случаи, епидемијата е под контрола, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

-Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на  дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, истакна вчера Филипче.

Нагласи дека мора сите да ги почитуваме мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот и дека мора да се навикнеме да живееме со вирусот. Заедничка констатација на Комисијата за заразни болести, како што рече министерот, е дека и покрај зголемениот број на новодијагностицирани случаи изминатите денови – епидемијата е под контрола.

Во изминатото деноноќие се регистрирани се 22 нови случаја на Ковид-19 од 533 тестирања, меѓу кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес. Регистрирани се и 50 оздравени пациенти, додека двајца пациенти починаа.

Најави дека денеска ќе се расправа и за следните чекори на олабавување на мерки за одредени субејкти и економски оператори, кои ги најавиле за крајот на оваа недела, како и за следните чекори за евентуално дополнително олабавување на превентивните мерки.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам. 

Филипче информира и дека од 14 мај, досега, се направени 908 тестирања на вработени во градинките во Битола, Скопје и Велес и сите освен еден резултат се негативни. Во Битола е завршен скринингот и тестирани се 322 вработени меѓу кои е и едниот позитивен случај.

Посочи дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа. (МИА)

Промовирани огласи »

ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ МЛАДИТЕ - ваучери за сите средношколци и студенти до 29 години што немаат приход над 250 евра

За оваа мерка Владата најави дека таа е парична поддршка за млади дo 6.000 денари, платежна домашна картичка од 3.000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини

Со третиот сет економски мерки на Владата, кои се однесуваат на младите, ќе бидат опфатени сите млади до 29 години, појасни во вчерашното интервју за ТВ Сител, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Ќе бидат опфатени сикте млади до 29 години. Тука се, прво, сите студенти и сите средношколци. Секако, тука нема да бидат опфатени млади кои работат, а имаат приход над 15 илјади денари. Зошто? Заради тоа што имаме млади кои што работеа во серктори кои што дури имаат и екстра профит, како што е фармацијата, малопродажбата, како и други дејности, кои не само што не беа погодени од кризата, туку имаа дури и дополнителни добивки од целата оваа работа. Но, сите оние кои се со приход под 15 илјади денари, ќе ги користат мерките“, рече Заев. 

За оваа мерка Владата најави дека таа е парична поддршка за млади дo 6.000 денари, платежна домашна картичка од 3.000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини.

„Ова е силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и ученичкиот стандард. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3.000 денари за домашни производи и услуги. Воведуваме и ваучери до 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади. Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра“, најавува Владата. 

„Средствата од мерката за младите, за обука, за ИТ, за доедукација, каде со ова кофинансирање ќе ги направиме мчладите лесно вработливи, треба да се истрошат во текот на летото и есента, под услов младите да се регистрираат“, објасни Заев.  

Промовирани огласи »

ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ГРЦИЈА: Од 1. јули тестирањето за корона вирусот најверојатно нема да биде задолжително

Планирајте одмор во Грција од 1. јули, тест за корона може нема да треба

Грчкиот министер за туризам најави дека од 1. јули нема да биде задолжително тестирањето за Ковид-19.

-За сега идејата е сите да бидат тестирани, но 1. јули е далеку, таша што најверојатно нема да боде задолжително порача, министерот за туризам Харис Теохарис.

Според него, протоколите и правилата најверојатно ќе претрпат измени, но напомена дека здравствените власти од регионот допрва ќе разговараат на оваа тема.

-Мерките се уште до крај не се дефинирани. Тие ќе бидат договарани на билатерално ниво. Се Очекува наскоро да има разговори на сите нивоа и ќе се најде решение за сите земји од Балканот, порача Теохарис.

А од домашните хотелски капацитети велат дека се подготвени за туристичката сезона, но проблемот е што се уште не се знае кога хотелите ќе смеат да се отворат, и под кои правила.Нивна надеж оваа летна сезона ќе бидат домашните туристи. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »