Промовирани огласи »

Дали човекот ја измисли правата линија?

Мистеријата е решена

Може да тврдите дека не постои такво нешто како права линија, бидејќи сè - ако зумирате доволно блиску - има неправилности. Дури и зрак на ласерската светлина е малку закривена, бидејќи светлината е свиткана од гравитационото поле на Земјата. Но, ако ја опуштиме нашата дефиниција за „нешто што изгледа директно на човечкото око“, тогаш можеме да најдеме многу прав линии во природата - карпести слоеви, стебла на дрвја, рабови на кристали, нишки од пајак свила. Причината поради која ни се допаѓаат прави линии е заради фундаменталното својство на Универзумот - најкраткото растојание помеѓу две точки е права линија. Природата исто така го следи овој принцип. На пример, пајаците ги прават своите мрежи со истегнување на свилени нишки по најкраткиот пат. Точно е дека кривините линии се вообичаени по природа, но многу од нив се само продолжување на овој принцип во три димензии. Најмалата површина за приближување на обемот е сфера. Значи, врските помеѓу молекулите на вода ги влеваат дождовните дождови во сфера, а клетките имаат заоблени форми за да ја намалат количината на клеточна мембрана што ја треба.

Промовирани огласи »

До 14 јуни 2020 година забрана за летови од Македонија кон Грција и обратно

Забраната за летање кон Грција продолжена до 14 јуни

Грчката Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Македонија.

За нашата земја, привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 23.59 часот на 14 јуни 2020 година, а истото важи и за Албанија и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

За летовите од и кон Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година, до 23.59 часот.

Паралелно, до истиот термин се продолжува и мерката, сите останатите меѓународни летови да се полетуваат и слетуваат само на атинскиот аеродром.

Од привремената забрана за летови, исклучок се карго летовите, здравствените, хуманитарните, државните, итните, оние за репатриација на граѓани итн./MИА

Промовирани огласи »

Kaбелските оператори со соопштение информираат дека добиле писмен одговор од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски дека Владата не донела Уредба со законска сила за основање на Фонд за поддршка на медиуми и дека доколку одлучи да воведе некаков вид на давачка кој ќе падне на грбот на граѓаните, претходно ќе ги извести и ќе побара став од нив. 

Тие информираат дека протестот манифестиран со исклучување на реемирувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) се одложува на неопределено време. 

Промовирани огласи »

Мицотакис: Грција на 1 јули ќе биде спремна да прими туристи

Грција од 1 јули ќе биде подготвена да прими странски туристи

За месец и половина, односно на 1 јули, според изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот министер Јоргос Герапетритис, Грција ќе биде подготвена да прими странски туристи, секако доколку сѐ оди според планот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше почесен гостин и централен говорник на глобалниот состанокот на меѓународната компанија за консалтинг „Boston Consulting Group“, а во обраќањето преку видеоконференција се задржа и на туризмот и претстојната сезона.

-Ако работите одат според нашиот план, ќе бидеме отворени од 1 јули, со протокол што ќе биде логичен, не само за луѓето кои сакаат да патуваат, туку и за нашата туристичка индустрија. Сакаме голем дел од пазарот од една помала пита. Европската туристичка пита ќе биде многу помала, но ова лето сакаме еден поголем дел, рече Мицотакис.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека сѐ уште се во фаза на подготвување на планот за туризмот.

-Нашата проценка е дека од 1 јули навистина ќе бидеме во позиција да примиме странски посетители, под услови што ќе го гарантираат јавното здравје, рече Герапетритис.

Тој додаде дека за туристите ќе постојат неопходните протоколи, кои ќе бидат балансирана мешавина од заштита на јавното здравје, без при тоа да се поставуваат пречки за туризмот.

Герапетритис коментираше дека ако земјата од која потекнува туристот, побара по враќањето да биде во карантин или да направи нов тест, се создаваат сериозни пречки и тоа е дестимулирачки за туризмот.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за телевиијата „МЕГА“ рече дека „билатералните договори оваа година ќе бидат дел од решението за туризмот“.

Тагови: туристи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »