Промовирани огласи »

Странските државјани ниту со негативен тест нема да можат да влезат во Хрватска, рече денеска началникот на Управата за Гранична полиција на Хрватска Иван Ничено.

Тој, според сараевскиот портал Кликс, тоа го рекол на денешната видео конфереција со директорите на граничните полиции на земјите од ЕУ, БиХ и Србија.

Ничено порачал дека влезот во Хрватска нема да биде можен за странските државјани ниту со потврда со негативен тест на болеста.

Според наводите, Ничено на овој начин ја демантирал Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести во Загреб, која неодамна изјави дека во Хрватска ќе можат да влезат сите лица кои сакаат, но со задолжителна потврда која не смее да биде постара од 24 часа.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ вчера на прес конференција рече дека таквата одлука е проблематична и дека сè уште се разгледува.

Така одговори на прашањето каде оние кои ќе влезат во Хрватска ќе ги прават тестовите, кој ќе ги плаќа и дали тоа ќе се однесува и на туристите кои ќе доаѓаат во земјата.

Сараевскиот портал пишува дека советникот на директорот на Граничната управа на БиХ Свевлад Хофман, кој бил учесник на денешниот состанок, го прашал Ничено дали државјаните од трети земји, односно оние кои не се членки на ЕУ, ќе може да влезат во Хрватска со патни исправи и со потврда за негативен тест, на што добил одговор дека и натаму е на сила одлуката за забрана на влез на државјани на БиХ во Хрватска.

Рекол дека тоа не се однесува само на оние кои имаат постојано место за живеење во Хрватска, имаат хрватско државјанство или се наоѓаат во транзит.

Промовирани огласи »

Работодавачите што ќе користат помош за исплата на плати три месеци не смеат да отпуштат работници. Ваква измена на уредбата за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување донесе Владата денеска на седница.

Уредбата дозволува да го намалат бројот на вработени, но само поради пензионирање или ако работникот си поднесе отказ, но во прецизно одреден процент.

„Се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување , не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент“, информираат од Владата.

Со оваа измена, како што додаваат од Владата, ќе се обезбеди усогласеност со Уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено–економската криза, заради исплата на платите, односно со неа се предвидува можноста најпогодените сектори (угостителството, туризмот, транспортот) да користат и друг вид на поддршка предвидена освен со оваа уредба.

Промовирани огласи »

Рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца, но дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме, навести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:

„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“

Рестораните и кафичите веројатно од следната недела ќе работат само надвор, со одржување дистанца

Промовирани огласи »

Постапката на пријавување состојба, информираат од ЕВН Македонија, е лесна и брза и се прави преку evnonline.mk, без потреба од регистрација на профил.

ЕВН Македонија воведе нова услуга за онлајн пријавување на состојба на броило, со што отсега корисниците ќе можат сами да ги испратат до ЕВН податоците за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа од нивното броило и врз основа на овие податоци да добијат фактура за електрична енергија.

Постапката на пријавување состојба, информираат од ЕВН Македонија, е лесна и брза и се прави преку evnonline.mk, без потреба од регистрација на профил.

– Најпрво се внесуваат бројот на корисник и серискиот број на броилото, основни податоци што секој корисник може да ги најде на првата страна од било која фактура. Потоа, корисникот треба да ги прочита и внесе состојбите на неговото броило за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа. На крај се внесуваат основни податоци за контакт. Согласно пријавените состојби на корисникот ќе му се изготви фактура во редовниот период на фактурирање на кој корисникот му припаѓа, информираат од ЕВН Македонија.

За точно запишување на состојбите, во зависност од моделот на броило, корисникот на evnonline.mk може да погледне детално упатство за читање на броилото. Од ЕВН Македонија посочуваат дека е многу важно корисниците да бидат внимателни при споредба на вредностите за потрошувачка од доставената фактура со моменталните состојби од броилото.

Оваа можност, информираат од ЕВН Македонија, е особено корисна во случаи кога броилата на корисниците, од било која причина, не се отчитани и поради тоа се изготвуваат сметки со претпоставена потрошувачка (вонредни состојби, непристапност до броилото, годишни одмори и др.). /МИА

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »