Промовирани огласи »

Рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца, но дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме, навести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:

„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“

Рестораните и кафичите веројатно од следната недела ќе работат само надвор, со одржување дистанца

Промовирани огласи »

Постапката на пријавување состојба, информираат од ЕВН Македонија, е лесна и брза и се прави преку evnonline.mk, без потреба од регистрација на профил.

ЕВН Македонија воведе нова услуга за онлајн пријавување на состојба на броило, со што отсега корисниците ќе можат сами да ги испратат до ЕВН податоците за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа од нивното броило и врз основа на овие податоци да добијат фактура за електрична енергија.

Постапката на пријавување состојба, информираат од ЕВН Македонија, е лесна и брза и се прави преку evnonline.mk, без потреба од регистрација на профил.

– Најпрво се внесуваат бројот на корисник и серискиот број на броилото, основни податоци што секој корисник може да ги најде на првата страна од било која фактура. Потоа, корисникот треба да ги прочита и внесе состојбите на неговото броило за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа. На крај се внесуваат основни податоци за контакт. Согласно пријавените состојби на корисникот ќе му се изготви фактура во редовниот период на фактурирање на кој корисникот му припаѓа, информираат од ЕВН Македонија.

За точно запишување на состојбите, во зависност од моделот на броило, корисникот на evnonline.mk може да погледне детално упатство за читање на броилото. Од ЕВН Македонија посочуваат дека е многу важно корисниците да бидат внимателни при споредба на вредностите за потрошувачка од доставената фактура со моменталните состојби од броилото.

Оваа можност, информираат од ЕВН Македонија, е особено корисна во случаи кога броилата на корисниците, од било која причина, не се отчитани и поради тоа се изготвуваат сметки со претпоставена потрошувачка (вонредни состојби, непристапност до броилото, годишни одмори и др.). /МИА

Промовирани огласи »

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција даде свој став на новинарско прашање за кратење на платите во јавната администрација, поради ситуацијата со корона вирусот во земјава.

„Сите треба да сносиме дел од товарот. Мислам дека треба да има намалување на платата во јавната администрација. Може да се каже дека луѓето од приватниот сектор се најпогодени, а од финансиски аспект веќе се спроведе кратење на платите“, истакна Ангеловска.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе бидат на сила оваа недела.

Согласно последната одлука на Комисијата цената на бензините се намали за 2 односно 2,50 денари, а цената на дизелот се намали за четири денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за 3,50 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »