Промовирани огласи »

По укинувањето на карантинот, и се отворат границите и авионите повторно ќе почнат да летаат, влегувањето во авионите заради медицинските прегледи би можело да трае и до четири часа, предупредуваат експертите.

Според британски Мирор, патниците би можеле да чекаат долго за да се качат, а се претпоставува дека ќе бидат потребни пет години се додека сè не се врати во нормала, како пред појавата на болеста. Воздухопловната индустрија претрпе најголема штета бидејќи сите комерцијални летови се суспендирани, а патниците ќе бидат принудени на „непријатни“ услови за патување по укинувањето на карантинот.

Патниците ќе треба да носат маски, а повеќето авиони ќе бидат исполнети со капацитет од 20 проценти. Според експертите, дури и ако вакцината се најде вечерва, ќе бидат потребни најмалку две години да се врати се во нормала.

Летовите ќе бидат ретки, неколку места на располагање, цените ќе бидат повисоки и ќе се патува под некомфорни услови поради носење заштитна опрема и социјална дистанца – велат експертите.

Бројот на Британци кои користат автомобили никогаш не бил поголем од избувнувањето на болеста, пишува „Мирор“, потсетувајќи дека владата соопштила дека мерките нема да бидат олеснети се додека не се увери дека нема да има втор бран.

Промовирани огласи »

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев на денешната прес-конференција информираше за новитетот во издавање на електронски рецепт.

-ФЗО од утре воведува пропишување и издавање лекови без хатрија преку електронски рецепт за терапија за хронично болни лица. Ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат на матичен за да им биде издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време на одење и чекање во ординации, корисниците ќе треба телефонски да исконтактираат со матичниот лекар и да добијат информација за креирањето на рецептот. Потоа одат во аптека и со документ за лична документација ќе може да ги добијат пропишаните лекови. Ќе има можност друга личност да го подигне лекот, доколку пациентите не можат лично да го сторат тоа. Освен тоа што ќе придонесе за поефиканса заштита на пациентите и медицинскиот персонал од новата болест, електронскиот рецепт ќе функционира и по завршување на ситуацијата. Од 1 мај ќе биде за хронични пациенти, а понатаму за сите осигуреници и дијагнози.

Придобивките се повеќекратни. Хроничните болни добиваат лесен и ефикасен пристап, матичните лекари нема да изготвуваат хартиени рецепти, туку софтверски ќе биде достапен до аптеките. Се скратуваат трошоците и ресурсите за принтање и издавање рецепти, а ќе има поголемо време за преглед на пациенти.

Целиот процес се рационализира и станува ефикасен и побрз. Ова е во директен интерес на 773 аптеки со кои фондот има склучено договор и со 1.236 приватни здравстевни установи од општа медицина, 1.096 ПЗУ од стоматологија и 165 ПЗУ од гинекологија. Преки дигитализација ФЗО во реално време ќе ја следи валидноста преку овој систем и обемот на издадени рецепти и лекови.Во реално време стручни е служби ќе може лесно и ефикасно да интервенцираат при недоследности и злоупотреби на системот, рече Дончев.

Промовирани огласи »

И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на почетокот на мај, додека најголем дел од дестинациите се очекува да продолжат нормално да се одржуваат во јуни.

„Со оглед на настанатата состојба, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесувањето на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци“, велат од Министерството за транспорт и врски.

И покрај ваквиот апел, авиокомпаниите продаваат авиобилети за дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми.

„Визер“ продава билети за летови за периодот по 17 мај, кои за некои дестинации се нудат и по цена од само 609 денари во еден правец. „Кроација ерлајнс“ продава авиобилети од Скопје за Загреб за летови по 1 јуни. „Ер Србија“ нуди авионски билети од Скопје за Белград за летови, за коишто смета дека ќе можат да се организираат по 9 мај. Авиобилети од Скопје за Виена преку интернет-страницата на „Остриан ерлајнс“ можат да се набават за периодот по 21 мај.

И додека авиокомпаниите се обидуваат час поскоро да почнат повторно со летови до и од аеродромите, голема недоумица за нив е новиот пакет правила за летање што ЕК треба да го донесе во мај, со кој ќе се бара социјално дистанцирање на аеродромите и во авионите. Овие правила ќе имаат големо влијание и врз дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми, бидејќи правилата ќе важат за сите земји-членки на ЕУ.

Владата порачува: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на аеродромите

Промовирани огласи »

Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи. Тие до крајот на учебната година, наставата ќе ја следат онлајн.

Ова го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испот за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Како што кажа Адеми, на овој начин матурантите ќе избегнат стрес и ќе се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават накјдоца до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.

Има уште неколку мерки кои ги соопшти Адеми за, како што рече, непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во услови на ваква кризна ситуација, а се донесени во партенрство со други инстируции и граѓанскиот сектор.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »