Промовирани огласи »

И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на почетокот на мај, додека најголем дел од дестинациите се очекува да продолжат нормално да се одржуваат во јуни.

„Со оглед на настанатата состојба, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесувањето на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци“, велат од Министерството за транспорт и врски.

И покрај ваквиот апел, авиокомпаниите продаваат авиобилети за дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми.

„Визер“ продава билети за летови за периодот по 17 мај, кои за некои дестинации се нудат и по цена од само 609 денари во еден правец. „Кроација ерлајнс“ продава авиобилети од Скопје за Загреб за летови по 1 јуни. „Ер Србија“ нуди авионски билети од Скопје за Белград за летови, за коишто смета дека ќе можат да се организираат по 9 мај. Авиобилети од Скопје за Виена преку интернет-страницата на „Остриан ерлајнс“ можат да се набават за периодот по 21 мај.

И додека авиокомпаниите се обидуваат час поскоро да почнат повторно со летови до и од аеродромите, голема недоумица за нив е новиот пакет правила за летање што ЕК треба да го донесе во мај, со кој ќе се бара социјално дистанцирање на аеродромите и во авионите. Овие правила ќе имаат големо влијание и врз дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми, бидејќи правилата ќе важат за сите земји-членки на ЕУ.

Владата порачува: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на аеродромите

Промовирани огласи »

Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи. Тие до крајот на учебната година, наставата ќе ја следат онлајн.

Ова го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испот за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Како што кажа Адеми, на овој начин матурантите ќе избегнат стрес и ќе се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават накјдоца до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.

Има уште неколку мерки кои ги соопшти Адеми за, како што рече, непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во услови на ваква кризна ситуација, а се донесени во партенрство со други инстируции и граѓанскиот сектор.

Промовирани огласи »

Од денес, бизнис корисниците на А1 Македонија преку активација на пакетот А1 Office Box можат да добијат супер брз интернет за својот бизнис, без разлика дали работат од дома или од канцеларија.

A1Office Box e безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.

Оваа услуга корисниците можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3со којa добиваат  300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.

Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.

Со овој пакет, А1 Македонија им овозможува на своите бизнис корисници да создадат одлични услови за работа и непречено да ги извршуваат своите активности.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Во следните денови останува да ја донесеме конечната одлука како ќе се полага државната матура – дали во јуни или ќе биде укината за оваа генерација матуранти, истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми на онлајн прес-конференција, додавајќи дека во идните денови на седници на Владата ќе се разгледува конкретен образовен план со сет мерки.

-Подготвивме конкретен образивен план со сет мерки што ќе се преземат следниот период – и за упис на првачињата, за упис во средно и за високо образование, како и за државната матура. Не би било кокретно да објавам тоа што го подготвивме пред да се разгледува на седница на Влада, но една од опциите е укинување на државната матура за оваа генерација што завршуваат средно образование, рече министерот Адеми кој е сè уште во самоизолација.

Во тој случај, посочи Адеми, факултетите ќе треба да организираат квалификациски испити ако има конкуренција и повеќе матуранти имаат ист број бодови од успехот во средното образование, но смета дека ќе нема проблем зашто некои факултети веќе практикуваат квалификациските испити.

Во сетот мерки, исто така, ќе биде одложувањето на уписот на првачињата во учебната 2020/2021 година, кој ќе биде најверојатно во јуни наместо во мај.

„Имајќи предвид дека согласно новиот закон за образование, родителите треба да достават и уверенија за примени вакцини, како и за извршен офталмолошки и стоматолошки прегледи кои треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа“, појасни Адеми.

Рече дека сè било навремено преземено за да продолжи наставата преку далечинско учење која, рече, во овие околности е опција за која нема алтернатива и дека со донесените уредби со законска сила, онлајн-наставата стана формална и е избегнато оваа учебна година да се повторува од септември.

Само три дена имавме прекин во наставата, рече Адеми, а потоа МОН и Владата во партнерство со други институции, а пред сè со УНИЦЕФ, воведе модели за е-учење. Ги спомна националната образовна платформа Едуино, која се надополнува постојано со видеолекции по сите предмети за основно и средно, како и со содржини за предучилишна возраст, како и емисијата „ТВ училница“ на МРТ за која рече дека има висока гледаност.

-Предизвици има, особено во основно и средно, но тие се надминуваат. Се воспостави систем кој ќе биде применлив и во иднина. Нема училиште што не почна со учење од далечина како нова форма на едукација во која и наставниците се максимално ангажирани и дневно комуницираат со своите ученици. Тие имаат комплетни насоки за реализирање на наставните содржини и како да ги проверуваат и оценуваат нивните знаења, истакна Адеми.

Потсети и дека е надминат и предизвикот со интернет-пристапот за сите деца со тоа што за 30.000 ученици од над 18 илјади социјално загрозени семејства со донација од „Телеком“ се обезбедени мобилни картички од 10 гигабајти месечно за интернет. Во соработка со локални самоуправи и со поддршка од бизнис-заедницата, пак, ги обезбедуваат и учениците што немаат персонални уреди за следење на онлајн-наставата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »