Промовирани огласи »

Според анализата на институтот Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП. Во земјите од регионот најмногу одвоиле за помош на стопанството во Србија, дури 11% од БДП, а во Европа, Германија дури 30,6 отсто од БДП.

Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Ова го потврдуваат анализите на унгарскиот институт за економски истражувања Сазадвег. Според анализата, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

Помалку пари од нас одвоиле само Белорусите, чија држава нема рестриктивни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот. Најмногу одвоиле во Германците, дури 30,6% од БДП.

Промовирани огласи »

Денешните цени се рекордно ниски. Регулаторната комисија за енергетика ги објави малопродажните цени по кои нафтените деривати ќе можат од денеска да се точат на бензинските станици.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4 денари за литар, така што од утре истиот ќе се продава за 42,50 денари за литар. Никогаш пониска во изминатиов период не била ниту цената на мазутот, која што со најновата одлука на регулаторите е намалена 2,178 денари за килограм и од утре ќе се продава по 16,945 денари за килограм.

Од ноќеска на полнок ќе има намалување за 2 и пол денари за литар на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, кој на бензински станици ќе може да се набави по цена од 49,50 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2 денари за литар и со тоа истиот ќе може да купи за 52 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 30,50 денари за литар, односно за три и пол денари помалку во споредба со изминатава недела.

Промовирани огласи »

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба, вели одговорниот за односи со јавност на МВР, Тони Ангеловски за Слободен Печат.

За ова Владата донесе уредба таа е на сила додека трае прогласената состојба. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала.

– И покрај вонредната состојба, службите за вадење на лични документи функционираат
редовно и им стојат на располагање на граѓаните за било кој документ што им е потребен, а е во
надлежност на МВР. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16
часот, вели Ангеловски.

Во врска со проблемите околу издавањето на пасоши, Ангеловски вели дека тие се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страната на МВР.

Промовирани огласи »

Побарувачката за работна сила рапидно се менува.

На глобално ниво, сигурно ќе има помала побарувачка за туристички персонал, додека расте побарувачката за доставувачи и здравствени работници.

Коронавирусот брзо се рашири во светот, ги промени нашите навики и слободата на движење, но и пазарот на труд. Имено, додека повеќето компании, па и одредени професии трпат големи загуби затоа што не се во можност да ги извршуваат своите активности, некои други занимања стануваат дополнително барани и многу лесно се вработуваат.

Податоците на Linkdln откриваат драматични промени во побарувачката за одреден персонал и активности.

Можеби не е изненадувачки, најголем пораст на побарувачката е за персоналот кој се смета за клучен, вклучувајки ги работните места во здравството и другите организации кои го поддржуваат функционирањето на државата.

Меѓу најбараните работни места во моментов во САД, што е и глобален тренд на запад се работниците во продавниците, систем администратори, сметководители, здравствени работници, градежни работници, магационери, психолози, возачи, изведувачи.

Покрај тоа, експертите ја наведуваат се поголемата потреба за свртување кон земјоделството и побарувачката на таа работна сила, бидејќи предвидуваат дека ако потрае епидемијата, може да предизвика феномен “самодоволност” на државите поради намалување на увозот.

Така, производството на сопствена храна би можела да стане приоритет.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »