Промовирани огласи »

Грција планира да ги отвори границите во јуни за новата туристичка сезона. Таа ќе дозволи влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, додека за западноевропските земји каде што вирусот зеде најголем замав ке има рестрикција. Со тоа Грција планира да има туристичка сезона и таа годинава да трае подолго.

Од 4 мај, постепено, Грција се враќа во нормала – изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис. Тој во интервјуто за грчката телевизија “Скај” изјави дека секоја седмица ќе имаат по едно отворање.-Ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на турсити од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира, под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво – рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај” .

Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

Полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот – рече портпаролот на грчката Влада.

Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона. Нивните очекувања се дека оваа година ќе има продолжена туристичка сезона.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Со задоволство ве известуваме дека утре, 28 април 2020 година се одржува интернационален онлајн фестивал на тема „Како светот реагира на Ковид-19“, во организација на меѓународната плаформа за новинарство Outride.rs, на кој Некстсенс, како компанија која ја изработи апликацијата СтопКорона! е поканета да ги сподели своите искуства и да ги претстави предностите на апликацијата во напорите за справување со поледиците од пандемијата со Ковид -19.

Фестивалот, на кој ќе учествуваат претставници од целиот свет, се одржува на симболичен ден - ден на Суперхероите, и има за цел да ги одбележи најголемите иницијативи и иноватори во кризата со коронавирусот и да инспирира нови решенија за борба против Ковид-19. Вонредната состојба предизвикана од глобалната пандемија е силен двигател за иновации, помагање, споделување, ангажирање и самоорганизирање. Секоја земја има свои херои: медицински работници, лидери во заедницата, инфлуенсери, претприемачи, уметници и бизниси.

Организаторот упати покана до Некстсенс да ја презентира апликацијата СтопКорона!, која веќе е препознаена во Европа и пошироко како апликација која што е наменета да даде прионес во борбата против ширењето на пандемијата со „Ковид-19“.

Имајќи го предвид големиот интерес во светот за ваков тип на мобилна апликација која овозможува следење на изложеноста на Ковид-19, Некстсенс на Фестивалот ќе ги презентира искуствата и моделот на мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации, со користење на Bluetooth технологија. Мобилната апликација СтопКорона! е прва од овој тип во регионот на ЈИЕ и меѓу неколкуте во светот.

Ве покануваме утре да го проследите меѓународниот Фестивал посветен на иновативните иницијативи во борбата против коронавирусот, кој ќе биде емитуван во живо на Facebook: https://www.facebook.com/events/181692989528550

Презентацијата на Некстсенс започнува во 12.00 часот, по што следи сесија со прашања и одговори од учесниците и јавноста.

Приклучете се во живо и следете го интернационалениот онлајн фестивал „Како светот реагира на Ковид-19“.

Агендата и сите информации за фестивалот се достапни на https://festiwal.outride.rs/en/

Промовирани огласи »

Се намалуваат цените на бензините и на дизелот. Од вечерва на полноќ бензинот  ЕУРОСУПЕР БС од 95 октани поевтинува за два и пол денари за литар додека цената на ЕУРОСУПЕР БС од 98 се намалува за два денари за литар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Дизелот поевтинува уште подрастично односно неговата цена се намалува за четири денари. 

Со новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 49,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 52 денари за литар. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 42,5 денари за литар. 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,5 денари. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,945 денари за килограм.

Владата ги зголеми акцизите на горивата минатата недела.

Промовирани огласи »

Биткоинот може да скокне на 30.000 долари до крајот на годината. 

Ова го тврдат познавачите на пазарот со криптовалути.

Минатата седмица биткоинот имаше вредност од 7.550 долари. 

Тоа беше раст од пет отсто за една седмица. 

Неговата понуда станува поограничена и затоа вредноста расте. 

Идниот месец можен е нов скок. 

Пред три години, биткоинот достигна вредност од 20.000 долари. 

Oна што денес се случува во светот поради пандемијата, е и раст на цената на златото.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »