Промовирани огласи »

Со задоволство ве известуваме дека утре, 28 април 2020 година се одржува интернационален онлајн фестивал на тема „Како светот реагира на Ковид-19“, во организација на меѓународната плаформа за новинарство Outride.rs, на кој Некстсенс, како компанија која ја изработи апликацијата СтопКорона! е поканета да ги сподели своите искуства и да ги претстави предностите на апликацијата во напорите за справување со поледиците од пандемијата со Ковид -19.

Фестивалот, на кој ќе учествуваат претставници од целиот свет, се одржува на симболичен ден - ден на Суперхероите, и има за цел да ги одбележи најголемите иницијативи и иноватори во кризата со коронавирусот и да инспирира нови решенија за борба против Ковид-19. Вонредната состојба предизвикана од глобалната пандемија е силен двигател за иновации, помагање, споделување, ангажирање и самоорганизирање. Секоја земја има свои херои: медицински работници, лидери во заедницата, инфлуенсери, претприемачи, уметници и бизниси.

Организаторот упати покана до Некстсенс да ја презентира апликацијата СтопКорона!, која веќе е препознаена во Европа и пошироко како апликација која што е наменета да даде прионес во борбата против ширењето на пандемијата со „Ковид-19“.

Имајќи го предвид големиот интерес во светот за ваков тип на мобилна апликација која овозможува следење на изложеноста на Ковид-19, Некстсенс на Фестивалот ќе ги презентира искуствата и моделот на мобилна апликација за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации, со користење на Bluetooth технологија. Мобилната апликација СтопКорона! е прва од овој тип во регионот на ЈИЕ и меѓу неколкуте во светот.

Ве покануваме утре да го проследите меѓународниот Фестивал посветен на иновативните иницијативи во борбата против коронавирусот, кој ќе биде емитуван во живо на Facebook: https://www.facebook.com/events/181692989528550

Презентацијата на Некстсенс започнува во 12.00 часот, по што следи сесија со прашања и одговори од учесниците и јавноста.

Приклучете се во живо и следете го интернационалениот онлајн фестивал „Како светот реагира на Ковид-19“.

Агендата и сите информации за фестивалот се достапни на https://festiwal.outride.rs/en/

Промовирани огласи »

Се намалуваат цените на бензините и на дизелот. Од вечерва на полноќ бензинот  ЕУРОСУПЕР БС од 95 октани поевтинува за два и пол денари за литар додека цената на ЕУРОСУПЕР БС од 98 се намалува за два денари за литар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Дизелот поевтинува уште подрастично односно неговата цена се намалува за четири денари. 

Со новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 49,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 52 денари за литар. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 42,5 денари за литар. 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,5 денари. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,945 денари за килограм.

Владата ги зголеми акцизите на горивата минатата недела.

Промовирани огласи »

Биткоинот може да скокне на 30.000 долари до крајот на годината. 

Ова го тврдат познавачите на пазарот со криптовалути.

Минатата седмица биткоинот имаше вредност од 7.550 долари. 

Тоа беше раст од пет отсто за една седмица. 

Неговата понуда станува поограничена и затоа вредноста расте. 

Идниот месец можен е нов скок. 

Пред три години, биткоинот достигна вредност од 20.000 долари. 

Oна што денес се случува во светот поради пандемијата, е и раст на цената на златото.

Промовирани огласи »

Над 1903 граѓани одлучиле и ги донирале парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ односно од скенираните сметки од вчера до утрово. Опцијата наместо да си ги земеш овие пари да ги донираш е од вчера, а корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Вчера беше најавено дека исплатата ќе почне од 6 мај. Со донацијата се учествува во борбата против Коронавирусот COVID-19.

Во апликацијата МојДДВ на располаѓање се опциите:
ДА ,,го донирам мојот поврат на ДДВ ‘’
и
НЕ ,,благодарам’’.

Физичките лица кои ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај 2020 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »