Промовирани огласи »

Од среда, 29-ти април микро, малите и средни компании од сите дејности, погодени од  кризата, ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити, преку Развојната банка на Северна Македонија. Кредитите од оваа линија ќе бидат до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети.

За оваа кредитна линија можат да аплицираат сите погодени компании кои имаат намалување на приходот за повеќе од 30% во последниот поминат месец, на пример во месец март во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година. Компаниите треба да се регистрирани повеќе од половина година, да немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.

Министерката Ангеловска посочи дека бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места во фирмите и подобрување на нивната ликвидност.

За разлика од првата кредитна линија – оваа е наменета за сите дејности, како и максималниот износ на кредит е три пати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени заклучно со 31.01.2020, односно минималната плата се множи по бројот на вработени и по 3 месеци. Како што кажува и името на кредитната линија – камата е нула. Трошоци за аплицирање кон Развојната банка исто така нема да се плаќаат. Рокот на отплата е до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, додека обезбедувањето е со меница, објасни министерката Ангеловска.

Директорот на Развојната банка, Кире Наумов рече дека аплицирањето почнува од среда, 29-ти април на полноќ, а јавниот повик е од денес достапен на веб-страната на банката.

Аплицирањето ќе биде електронски“. Иако износот на кредит се пресметува по формулата 14.500 х 3 месеци х број на вработени, најмалите претпријатија не се заборавени. Микро претпријатијата до 5 вработени, ќе може да аплицираат за бескаматен кредит во износ од 3.000 евра, додаде Наумов.

Целата постапка за аплицирање за средствата ќе се одвива електронски. Најголем број од документите ќе можат да се најдат на веб-страната на Развојната банка, меѓу нив апликацијата, односно кредитно барање, изјава за поврзаност со други правни/физички лица, изјава дека не е носител на јавна функција и изјава за проверка на кредитна изложеност. Компаниите ќе поднесуваат електронско барања до Управата за уверение за платени давачки со состојба 31.01.2020.

Развојната банка и Централниот регистар склучија и договор со кој документите кои им се потребни на кредитобарателите, Централниот регистар ќе ги дава бесплатно, односно тековната состојба за кредитобарателот, потврдата за стечајна постапка, потврдата за ликвидациона постапка и листинг од завршна сметка за 2019 година, посочи директорката на Централниот регистар.

Дополнително олеснување е и тоа што во услови кога треба да се почитуваат препораките за заштита на јавното здравје, странките немаат потреба да доаѓаат во Централен регистар за да ги извадат потребните документи, ниту да ги користат електронските услуги на нашата институција кои се 24 часа достапни. Во договорот кој го склучивме со Развојната банка, предвидено е документите од Централен регистар кои им се потребни на кредитобарателите електронски да ги преземаат вработени од Развојната банка, истакна директорката на ЦРМ Бошковска Јанковски.

Средствата за бескаматните кредити се обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија.

Ги поддржувам сосема мерките преземени за употребата на 8 милиони евра од компензациониот фонд од Јапонија за македонскиот бизнис, се надевам дека овие мерки ќе им помогнат на компаниите да продолжат и работните места да се сигурни. Сите земји се борат во моментов и во овие тешки времиња треба заедно да работиме и да се поддржуваме. Денес, мило ми е што повторно можеме да го потврдиме цврстото пријателство помеѓу Јапонија и Северна Македонија, рече преку видео-изјава амбасадорката на Јапонија во земјава Кеико Ханеда.

Заедно со новата кредитна линија на фирмите им се ставаат вкупно на располагање 13,7 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка. Досега од првата кредитна линија се обработени барањата на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра и во кои работат 2.853 вработени. Исто така, преку комерцијалните банки ќе се стават на располагање и евтини кредити со субвенционирана камата од 50 милиони евра.

Мерките кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите можат да се групираат во следните групи мерки – даночни олеснувања како: ослободување од аконтации на данок на добивка и данок на личен доход, 50% субвенции на придонеси, директна финансиска поддршка за заштита на работните места, мерки за заштита на ликвидноста и регулаторни или таканаречени меки мерки за граѓаните и стопанството.

Промовирани огласи »

Туристичкиот сектор објективно гледано е најпогоден од мерките за изолација. Оценка на хотелиерите е дека доколку мерките за изолација бидат олеснети во текот на наредниот месец, доколку следи постепено опуштање на рестриктивните ограничувања и нормализација на состојбите, преку добро осмислени мерки, со позитивна пропаганда и соодветна поддршка од медиумите, работите во секторот ќе се подобрат, пишува МИА.

Доколку компаниите, фирмите, спортските клубови, но и државните институции ја дадат својата поддршка на домашниот туризам тогаш туристичкиот сектор ќе ги надмине проблемите, сметаат хотелиерите. Во најголем дел тие излезот од кризата во секторот го гледаат преку промоција и поддршка на домашниот туризам, надополнување на откажаните аранжмани на странските оператори со домашни туристи.

Конкретно зборувајќи за Охрид како наша најпозната туристичка дестинација, хотелските менаџери пропуштениот период на целосна забрана за работа го посочуваат како период во кој се е изгубено оттаму што во месеците март и април во Охрид никогаш немало позначајна туристичка посетеност.

Свесни се дека враќањето на состојбите во секторот во нормала ќе се одвива постепено, но мора да се работи плански, со коодинираност на сите стопански субјекти, од сите стопански гранки и области.

– Доколку сите стопански субјекти своите активности ги насочат на правилен начин, од оваа криза ќе излезиме како победници. Туристичката дејност не е изолирана од другите стопански сектори. Ние за нашите услуги трошиме суровини, истите ги набавуваме од домашни партнери, дали е тоа струја, прехранбени производи, услуги. Како субјекти кон јавните претпријатија имаме огромни давачки. Доколку јавните претпријатија на вработените им понудат одмор во домашните капацитети со одредени бенефиции, со цена на сместување формирана преку пребивање, тоа ќе биде од полза на сите, изјави Љупчо Цветаноски, директор на хотелите „Климетица“ и „Маива“, со капацитет од некаде 140 легла.

Цветаноски потсетува дека туристичката сезона во Охрид секогаш била во периодот од мај до октомври, а секторот за странските туристи секогаш давал „екстра“ цена, со разни поволности и мерки за поддршка.

– Доколку таа „екстра“ цена и понуда ја дадеме на домашните јавни претпријатија, на домашните фирми, компании преку закупи на аранжмани, ние ќе дојдеме до резултати речиси идентични како со странските гости, уште повеќе што нашиот турист знае да потроши, изјави Цветаноски.

Тој смета дека моменталната ситуација кога ниту еден турист нема сигурност ниту гаранција за заштита, логично е да се размислува за користење одмор во домашните центри наместо патување надвор.

– Одморот не е само аранжманот ниту морето. Отсуството на соодветна здравствена заштита кога сте во странство само по себе носи несигурност. Домашниот туризам тука е во предност, оттаму што ги елиминира евентуалните несакани последици доколку настапат здравствени проблеми, а се наоѓате во странска држава. Ние во соработка со стопанските комори и сите субјекти сме во состојба да формираме добра понуда со цена прифатлива за просечен граѓанин, да може да си дозволи да летува во Охрид, Струга, Дојран, во сите туристички центри со кои располагаме, вели Цветаноски.

Што се однесува на најавените, а пропуштените настани од областа на семинарскиот и конгресниот туризам, оценка на хотелиерите дека истите можат да се реализираат наесен, секако доколку тоа биде добро осмислено и вклопено во мерките што ќе ги спроведува Владата за поддршка на туристичкиот сектор.

Охридско-струшката ривиера располага со хотелски капацитети со некаде до четири илјади легла. Од нив речиси 40 проценти се пополнети со лица кои државата ги смести во задолжителен карантин.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Од планираните 94 милиони денари финансиска поддршка за авиокомпаниите, досега се исплатени 21 милион или 22 процента, соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески на прес-конференција во Владата рече дека договорот со „Визер“ моментно е во мирување заради настаната состојба и откажувањето на сите летови од домашните аеродроми. 

„Визер“ пред неколку денови најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 16 мај.

Промовирани огласи »

Во мај и јуни нема да има месечни извлекувања на наградите МојДДВ #МојаНаграда, соопштија од Министерството за финансии откако Владата а седница одлучи да го намали наградниот фонд на оваа наградна игра. Државата извлекуваше годинава секо јмесец по 15 граѓани кои скенираат сметки и им доделуваше по 100.000 денари. Сега од Министерството соопштија дека извлекувањата за мај и јуни нема да се одржат, а дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари. За помош на државата, исто така граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ. 

„Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари, средства кои ќе се вложат во Covid-19 фондот. Од почеток на мај до крајот на јуни ќе се доделуваат по 10 дневни награди од по 500 денари преку #МојаНаграда, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари ќе запрат во мај и јуни.  Со ова, наместо 12 извлекувања, ќе има 10 извлекувања за повисоките парични награди, стои во соопштението од Министерство за финансии.

Додаваат дека месечните извлекувања ќе продолжат од 4 јули, кога ќе се одржи петтото извлекување во кое ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања од скенираните фискални сметки за периодот од 01.04.2020 година до 30.06.2020. Втората премија од 3 милиони денари ќе се извлекува на крај од наградната игра на 19.12.2020 година. 

Граѓаните преку апликацијата „МојДДВ“ ќе можат и да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против Covid-19.  Преку опцијата „скенирам и донирам“, со која e надоградeна апликацијата „МојДДВ“ граѓаните ќе можат одберат дали сакаат да го донираат својот поврат од ДДВ за првото тримесечје од 2020 година. Изборот ќе може да го направат до 5ти мај. 

На граѓаните преку апликацијата им се на располагање две опции  -,да, го донирам мојот поврат на ДДВ” и ,,не, благодарам”. Оној кој потврдно ќе одговори на опцијата за донација, дава согласност за донирање на целиот износ кој треба да му биде вратен на трансакциска сметка, и нема да има можност за отповикување на дадената согласност. Корисникот кој ќе одговори негативно на прашањето, ќе има можност да го промени одговорот се додека е отворена опцијата за избор, а ако не го промени мислењето повратот ќе му биде исплатен на трансакциска сметка. Можноста за донирање, односно откажување од повратот за првото тримесечје е до 5 мај.

За првото тримесечје во 2020 граѓаните преку скенирање фискални сметки оствариле право на поврат од 5,59 милиони евра. Во овој период скенирани се 49,95 милиони фискални сметки. 

Тагови: Мој ДДВ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »