Промовирани огласи »

Од планираните 94 милиони денари финансиска поддршка за авиокомпаниите, досега се исплатени 21 милион или 22 процента, соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески на прес-конференција во Владата рече дека договорот со „Визер“ моментно е во мирување заради настаната состојба и откажувањето на сите летови од домашните аеродроми. 

„Визер“ пред неколку денови најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 16 мај.

Промовирани огласи »

Во мај и јуни нема да има месечни извлекувања на наградите МојДДВ #МојаНаграда, соопштија од Министерството за финансии откако Владата а седница одлучи да го намали наградниот фонд на оваа наградна игра. Државата извлекуваше годинава секо јмесец по 15 граѓани кои скенираат сметки и им доделуваше по 100.000 денари. Сега од Министерството соопштија дека извлекувањата за мај и јуни нема да се одржат, а дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари. За помош на државата, исто така граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ. 

„Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари, средства кои ќе се вложат во Covid-19 фондот. Од почеток на мај до крајот на јуни ќе се доделуваат по 10 дневни награди од по 500 денари преку #МојаНаграда, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари ќе запрат во мај и јуни.  Со ова, наместо 12 извлекувања, ќе има 10 извлекувања за повисоките парични награди, стои во соопштението од Министерство за финансии.

Додаваат дека месечните извлекувања ќе продолжат од 4 јули, кога ќе се одржи петтото извлекување во кое ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања од скенираните фискални сметки за периодот од 01.04.2020 година до 30.06.2020. Втората премија од 3 милиони денари ќе се извлекува на крај од наградната игра на 19.12.2020 година. 

Граѓаните преку апликацијата „МојДДВ“ ќе можат и да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против Covid-19.  Преку опцијата „скенирам и донирам“, со која e надоградeна апликацијата „МојДДВ“ граѓаните ќе можат одберат дали сакаат да го донираат својот поврат од ДДВ за првото тримесечје од 2020 година. Изборот ќе може да го направат до 5ти мај. 

На граѓаните преку апликацијата им се на располагање две опции  -,да, го донирам мојот поврат на ДДВ” и ,,не, благодарам”. Оној кој потврдно ќе одговори на опцијата за донација, дава согласност за донирање на целиот износ кој треба да му биде вратен на трансакциска сметка, и нема да има можност за отповикување на дадената согласност. Корисникот кој ќе одговори негативно на прашањето, ќе има можност да го промени одговорот се додека е отворена опцијата за избор, а ако не го промени мислењето повратот ќе му биде исплатен на трансакциска сметка. Можноста за донирање, односно откажување од повратот за првото тримесечје е до 5 мај.

За првото тримесечје во 2020 граѓаните преку скенирање фискални сметки оствариле право на поврат од 5,59 милиони евра. Во овој период скенирани се 49,95 милиони фискални сметки. 

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

На дневниот ред на вчерашната владина седница збор ќе стане и за можноста да се воведе само онлајн обложување во Македонија, објавува ТВ Алсат, додека можност да се игра непосредното нема да има, односно ќе дојде до затворање на подружниците.

Се работи за предлог на Министерството за финансии, а извори од Владата за телевизијата велат дека со ова решение се очекува 50 милиони евра годишно од даноци.

За безбедноста на обложувањето и на плаќањата ќе бидат потребни банкарски гаранции затоа што главно станува збор за дејност која ја водат офшор компании.

Министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека ова ќе се разгледува на Влада, објаснувајќи дека на оваа иницијатива се работело во изминатиот период.

„Но, ова не е нешто сосема ново, затоа што ако го погледнете и постојното законско решение, ќе видите дека и тоа содржи одредби и членови за онлајн игри на среќа, вклучително и за онлајн обложување, казина и автомат клубови. Ова го има во постојното законско решение, но досега не беше имплементирано во пракса. И пред оваа криза беа изработувани компративни анализи бидејќи речиси сите земји го имаат овозможено. Тоа е важно во овој период, од аспект дека 8.000 лица работат во индустријата, и би било мерка во насока на подобрување на регулативата. Така ќе се надмине проблемот со физичките локации“, рече министерката. 

Таа нагласи дека 40 милиони евра се прибираат во буџетот од овие приредувачи.

„Се работи за подобрување на регулативата. Во период на вонредна состојба мора да се адаптираме и да се носат одлуки за доброто на државата“, рече Ангеловска. 

Промовирани огласи »

А1 Македонија како водечкa компанија во процесот на дигиталната трансформација, ги охрабрува своите корисници за употреба на дигиталните алатки, особено во време на вонредна состојба кога е важно да останат дома и да се грижат за своето и јавното здравје.

Од сега, со активирање на електронската сметка корисниците автоматски стануваат и учесници во извлекувањата по случаен избор на вредни подароци. За 60 среќни добитници предвидени се 120 смартфони во пакет - Motorola One Macro и Moto E6 Plus, во три месечни циклуси на извлекување.Во првото извлекување, на 5 мај учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од април 2020г.

Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка.

Услугата Е-сметка им овозможува на корисниците месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата на линкот www.A1.mk/plati-smetka.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »