Промовирани огласи »

Граѓаните ќе можат доброволно да одлучат повратот од „МојДДВ“ да го донираат во Буџетот за справување со КОВИД-19.

На денешната 46-та седница Владата донесе Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.

Оваа уредба овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.03.2020-31.03.2020 и за период 01.01.2020 – 31.03.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.

Со уредбата се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.04.2020-30.04.2020 година, заклучно со 31 мај 2020 година.

„Владата ја донесе и Уредбата за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во Буџетот на Република Северна Македонија поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот. Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање“, информираат од Владата. 

За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.

– Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски. Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5(пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година, велат од УЈП.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

Цената на златото допрва ќе расте.

Се очекува скок на цената на златото од 1.695 долари за унца 2.020, која следната година би се зголемила за 2.063 по унца.

Цената во претстојниот период би можела да се покачи од сегашните 2.000 на 3.000 долари по унца.
Експертите објаснуваат дека затоа што договорите и очекувањата за економските резултати, како и  фискалните трошоци се зголемуваат, билансите на централната банка се дуплираат, а цврстите валути ќе бидат под притисок. 
„Поради тоа, инвеститорите ќе  ја зголемат побарувачката за злато, велат финансиските експерти.
За 15 месеци цената имаше раст од 10 отсто.

Промовирани огласи »

Исплатата на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери, исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Над 320 илјади пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки од петок, 24 април.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 24 април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27 април;

– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28 април;

– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29 април и

– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците. Оние кои ќе одлучат да подигнат средства, апелираме да се придржувате до распоредот за исплати, затоа што само така покажувате одговорност кон себе и кон вашите најблиски. Етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »