Промовирани огласи »

Цената на златото допрва ќе расте.

Се очекува скок на цената на златото од 1.695 долари за унца 2.020, која следната година би се зголемила за 2.063 по унца.

Цената во претстојниот период би можела да се покачи од сегашните 2.000 на 3.000 долари по унца.
Експертите објаснуваат дека затоа што договорите и очекувањата за економските резултати, како и  фискалните трошоци се зголемуваат, билансите на централната банка се дуплираат, а цврстите валути ќе бидат под притисок. 
„Поради тоа, инвеститорите ќе  ја зголемат побарувачката за злато, велат финансиските експерти.
За 15 месеци цената имаше раст од 10 отсто.

Промовирани огласи »

Исплатата на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери, исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Над 320 илјади пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки од петок, 24 април.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 24 април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27 април;

– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28 април;

– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29 април и

– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците. Оние кои ќе одлучат да подигнат средства, апелираме да се придржувате до распоредот за исплати, затоа што само така покажувате одговорност кон себе и кон вашите најблиски. Етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја потпиша Уредбата со која се суспензира имиграцијата во земјата во наредните два месеца.

Вели дека одлуката е поради пандемијата на коронавирусот, со цел да ги заштити и граѓаните, како и американскиот пазар на труд.

-Со пауза на имиграцијата, ќе помогнеме да ги ставиме невработените Американци на прво место во работните места, бидејќи Америка е отворена. Би било погрешно и неправедно Американците поради вирусот да бидат заменети со имигранти од странство, изјави претседателот Трамп во Белата куќа. 

Промовирани огласи »

Во однос на олабавување на мерките за кои одлуките ќе се донесуваат по 1 Мај, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во напредна фаза е одлуката за државната матура за учениците кои го завршуваат средното образование.

Очекувам дека многу скоро пред Владата ќе се изнесе со предлог за кој ќе дискутираме и секако дека Владата ќе го донесе најдоброто можно решение за средношколците, рече Спасовски попладнево на онлајн прес-конференција на прашање за полагањето матурски испит кој редовно се спроведува во јуни.

Конкретни одлуки за работата на училиштата и градинките ќе бидат донесени по првомајските празници.

Не можам во овој момент, ниту јас или некој член од Владата, да кажеме дали треба да се вратат учениците во училиштата, децата во градинките, дали треба одеднаш вака да се ослободат сите рестриктивни мерки. Тоа ќе го анализираме, почнуваме дебата на различни нивоа во институциите на власта и врз основа на тоа ќе ги донесеме одлуките. Важно е дека одлуките ќе бидат донесени најдобро што можеме за доброто на граѓаните и за заштита на нивното здравје, рече Спасовски.

Додаде дека за сите мерки што ги носат се консултираат со Комисијата за заразни болести која, пак, ги следи препораките на Светската здравствена организација.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »