Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја потпиша Уредбата со која се суспензира имиграцијата во земјата во наредните два месеца.

Вели дека одлуката е поради пандемијата на коронавирусот, со цел да ги заштити и граѓаните, како и американскиот пазар на труд.

-Со пауза на имиграцијата, ќе помогнеме да ги ставиме невработените Американци на прво место во работните места, бидејќи Америка е отворена. Би било погрешно и неправедно Американците поради вирусот да бидат заменети со имигранти од странство, изјави претседателот Трамп во Белата куќа. 

Промовирани огласи »

Во однос на олабавување на мерките за кои одлуките ќе се донесуваат по 1 Мај, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во напредна фаза е одлуката за државната матура за учениците кои го завршуваат средното образование.

Очекувам дека многу скоро пред Владата ќе се изнесе со предлог за кој ќе дискутираме и секако дека Владата ќе го донесе најдоброто можно решение за средношколците, рече Спасовски попладнево на онлајн прес-конференција на прашање за полагањето матурски испит кој редовно се спроведува во јуни.

Конкретни одлуки за работата на училиштата и градинките ќе бидат донесени по првомајските празници.

Не можам во овој момент, ниту јас или некој член од Владата, да кажеме дали треба да се вратат учениците во училиштата, децата во градинките, дали треба одеднаш вака да се ослободат сите рестриктивни мерки. Тоа ќе го анализираме, почнуваме дебата на различни нивоа во институциите на власта и врз основа на тоа ќе ги донесеме одлуките. Важно е дека одлуките ќе бидат донесени најдобро што можеме за доброто на граѓаните и за заштита на нивното здравје, рече Спасовски.

Додаде дека за сите мерки што ги носат се консултираат со Комисијата за заразни болести која, пак, ги следи препораките на Светската здравствена организација.

Промовирани огласи »

Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

Според усвоениот распоред, се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски соопшти дека се донесени важни одлуки на седница на Влада.

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Промовирани огласи »


Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.


Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување  со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија  да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра  „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.

Тагови: Мој ДДВ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »