Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата, во кои се вклучени и новите акцизи.

Денес беше објавено дека акцизите на горивата се зголемуваат за 3.00 денари. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3.12%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 3.50 денари и еден литар од овие горива ќе чини 52.00, односно 54.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 46.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Денес има 2095 милијардери во светот. Тие се помалку од пред неколку месеци. Дури и најбогатите луѓе во светот не се имуни на коронавирусот, како и од економските загуби предизвикани од пандемијата.

Само во последните два месеци, најбогатите луѓе во светот станаа посиромашни за 408 милијарди долари. Гледајќи наназад пред една година, нивната вкупна нето вредност се намалила за над 700 милијарди американски долари, според последниот ранг на „Форбс“ на милијардери во светот.

Европа е дом на голем дел од овие луѓе. Платформата HowMuch прикажува кои се најбогатите луѓе во светот. За Стариот континент, списокот го предводи французинот Бернар Арно, кој е сопственикот на луксузната индустрија гигант LVMH. Тој успеа да го надмине Бил Гејтс и да стане вториот најбогат човек во светот со богатство од над 100 милијарди долари. Сепак, по избувнувањето на епидемијата на коронавирус, тој изгуби значаен дел од неговата состојба. Значи, до крајот на март, тој има 76 милијарди долари.

Вториот најбогат Европеец е шпанецот Амансио Ортега, кој е креатор на „Индиттекс“, лидер во модната индустрија. До денес тој има 55,1 милијарди долари.

Трети по богатство се Бејт Хестер и Карл Албрехт, наследници на браќата кои го основаа германскиот ланец за намирници „Алди“. Двајцата управуваат со вкупно богатство вредно повеќе од 33 милијарди долари.

Најбогатиот човек во Италија е Џовани Фереро – наследник на империјата Фереро Рошер. Нето-вредноста на Фереро е 24,5 милијарди американски долари.

Владимир Потанин, основачот на Норилск Никел е лидер во производство на металите, и е најбогат Русин. Има 19,7 милијарди долари. Најбогатиот бизнисмен во Австрија е бизнисменот зад Ред Бул – Дитрих Матешиц. Тој управува со средства од 16,5 милијарди американски долари.

Богатството на најбогатиот човек во Источна Европа – Чехот Питер Келнер – изнесува скоро 15 милијарди долари.

Еве некои од најбогатите луѓе во другите европски земји:

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулатотната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Тој  во интервју за Радио Слободна Европа, информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Според Бислимовски, рано е да се каже дали цената на струјата ќе остане непроменета.

Во интервјуто посочува дека има значително подобрена ситуација во однос на плаќањето на сметките по добивањето на платата кај администрацијата и изрази очекување дека оние потрошувачи и домаќинства што не се погодени, односно немаат намалени приходи и во идниот период ќе продолжат да си ги покриваат своите режиски трошоци.

– Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира, вели Бислимовски .

Во однос на комуналните претпријатија, потенцира дека тие сами треба да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, но упатуваат апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

На прашањето дали цената на струјата ќе остане непроменета до крајот на годината тој одговара дека секоја година барањата од компаниите за цени ги добиваат од 15 мај доколку станува збор за снабдување и до 30 мај доколку станува збор за мрежните услуги, за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија.

– Во овој момент е прерано да зборуваме какви би биле цените. Факт е дека постоечкиот механизам којшто го има во Законот за енергетика за регулираниот пазар онаму каде што има регулирана цена, каде што определува Регулаторна комисија за енергетика функционира успешно, бидејќи ЕЛЕМ благодарејќи на драстично намалување на трошоците во рудниците за околу 30 – 40 милиони евра на годишно ниво споредено со претходниот период некаде од 2013/14 до 2016 и во основа на тоа и цената на ЕЛЕМ, односно на ЕСМ по ново која што им ја продава кон ЕВН home е намалена за 15-тина проценти. Така што имаме сигурна ценовна стабилност во овој момент за домаќинствата коишто се на регулираниот пазар на електрична енергија и сега ќе видиме какви ќе бидат приликите при поднесувањето на барањата за цени. Притоа возможно е ние правиме и анализи, првите четири-пет месеци се целосно некарактеристични во однос на потрошувачка, во однос на трошоци, што ќе има сериозно влијание при носењето на нашите одлуки и во наредниот период ќе бидеме во комуникации со компаниите и доколку има потреба можно е периодот на поднесување на барањата за цени да го одложиме со цел да имаме репрезентативни податоци и во делот на потрошувачката на електрична енергија, појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. 

Промовирани огласи »

Според препораката на Владата објавена по последната нејзина седница, од петок, 24 април, банките треба да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.

Им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »