Промовирани огласи »

Живееме и работиме во вонредни услови кои се предизвик за секој од нас. Но, кризата предизвикана од COVID-19 несомнено најмногу влијае на компаниите. Сега, повеќе од кога било имаат потреба од користење на дигитални технологии како за да се забрза нивниот раст така и за да се иновираат процесите, производите и услугите. Охрабрува фактот што дури 63,3 отсто од компаниите на нашите простори сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа.

Во овие моменти кога сме сите дома и професионалните обврски ги завршуваме преку дигиталните алатки за комуникација, зголемена е потребата од видео конференциски услуги кои се пред се безбедни. Исто така во време кога бизнисите се соочуваат со оптеретеност на нивните веб страници и веб апликации кои ги нудат, според последните податоци за 1500 % споредено со претходно, потребни се сервери со голем капацитет.

Потребата од ИКТ услуги во бизнис сегментот ја препознава и А1 Македонија која во оваа предизвикувачка економска ситуација во која се наоѓа нашата земја, на сите деловни корисници кои ќе склучат нови договори, им овозможува промотивно бесплатно користење на cloud услуги до 30.06.2020 година.

Имено, сите корисници до 30.06.2020 може бесплатно да ја користат услугата за професионална видео конференција на „eyeson“ која овозможува безбедност при користењето, бидејќи податоците што ги пренесувате или споделувате во текот на повикот се заштитени согласно строгите европски закони за заштита на приватноста. Комуницирањето е безбедно, се избегнуваат состаноци во живо и на овој начин се придонесува кон јавното здравје и заштита од COVID-19.

Компаниите пак кои се соочуваат со капацитативни проблеми на нивните сервери, може да ја искористат и промоцијата со 100% попуст на месечната претплата за хардверски ресурси на А1 виртуелните приватни сервери (IaaS) и европската cloud платформа Exoscale (со локација во Минхен) како би обезбедиле континуитет во работата без да впуштање во нови инвестициски трошоци за хардвер. Исто така, компаниите кои имаaт потреба од масовно испраќање на SMS за да останат во контакт со своите клиенти, можат да потпишат договор за користење на SMS модул од услугата Cloud messaging на А1 и да добијат 100% попуст на месечната претплата.

А1 Македонија постојано ја збогатува понудата за деловните корисници со решенија кои значат уште поедноставно и поефикасно функционирање на бизнисите во вонредни услови.

Промовирани огласи »

Се запираат постапките за пензионирање на здравствените работници додека трае вонредната состојба.

Ваква одлука донесе денеска Владата на седница. 

На предлог на Министерството за здравство денеска Владата ја усвои и Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, со која се уредува престанокот на вработувањето по сила на закон, со престанок на Договорот за вработување или Договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник односно здравствен соработник, поради возраст, се одложува за време на траењето на вонредната состојба, во случај на стекнување право на старосна пензија, кога ќе наполни 64 години за маж, односно 62 години за жена согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување за време на вонредна состојба, или кога ќе наполни 64 години, односно кога со писмена изјава до работодавачот побарал да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно Законот за работните односи, соопштија од Владата.

Постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст, се одложуваат.

Промовирани огласи »

Mинистрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и за здравство Венко Филипче jа презентiraa апликацијата StopKorona! и апелираа за што помасовно симнување на истата. 

- Гарантираме безбедност и заштита на податоците, истакна Манчевски и додаде дека се гарантира целосна заштита на приватноста, апликацијата не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат. Единствен податок кој го бара апликацијата при активирањето е мобилниот број на корисникот.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не менува, односно цената на дизелот останува 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »