Промовирани огласи »

Mинистрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и за здравство Венко Филипче jа презентiraa апликацијата StopKorona! и апелираа за што помасовно симнување на истата. 

- Гарантираме безбедност и заштита на податоците, истакна Манчевски и додаде дека се гарантира целосна заштита на приватноста, апликацијата не ги следи контактите, не користи локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат. Единствен податок кој го бара апликацијата при активирањето е мобилниот број на корисникот.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не менува, односно цената на дизелот останува 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.

Промовирани огласи »

Кариера.мк во соработка со Град Скопје во недела (12.04.2020) во 13:00 ќе вршат директен пренос од Зоолошка градина. Забавата насловена Култура во време на Корона ќе има едукативен карактер за најмладите. Ве очекуваме да се вклучите преку нашата Фејсбук страна ТУКА.

Промовирани огласи »

Во услови кога работното време на администрацијата е од 08:00 до 14:00 часот и кога вработените одат на работа преку еден ден, министерката за економија, Нина Ангеловска, смета дека платите на административците би требало да бидат намалени.

Во  емисијата „Економски магазин“ на Алсат,  беше запрашана околу можноста за евентуално намалување на платите кај вработените во јавната администрација, Ангеловска вели:

Од солидарен аспект, дали сметам дека треба да понесе дел од товарот и администрацијата, дефинитивно сметам дека треба, рече Ангеловска не одговарајќи притоа на прашањето – од кој месец би можело да се очекува евентуална таква владина мерка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »