Промовирани огласи »

Градот  Скопје ги известува сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот Ковит -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од корона вирусот, Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ започнувајќи од 01.01.2020 година. Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како  дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.  

Поради наведеното, ги известуваме сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:

Тарифен број 1

 

 

За фирма, односно назив на:

износ во денари

а) деловните простории на физичките лица коишто  вршат  дејност        

                       1.300,00

б) деловните простории на физичките лица коишто  вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ  

350,00

в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите                                         

4.000,00

продавници, киосци, деловни единици и слично  на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и  услугите,                           

2.000,00

деловни простории на правни лица од комуналните дејности

2.000,00

деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат  повремено                               

2.000,00

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува  новоформираната цена  за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.

Воедно, Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Промовирани огласи »

Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица.

Директорот на Трудовиот инспекторат Аљадин Хавзиу денеска на прес-конференција во Владата потврди дека до нив се стигнати претставки од работници кои се принудени на потпишат отказни решенија или им се нудат договори за работа со скратено работно време.

За жал, има неколку такви претставки и се постапува по сите согласно законот. Апелирам вработените да внимаваат што потпишуваат. Може да се јават во Трудовата инспекција во секое време, во секоја подрачна единица. Истакнати се броевите на инспекторите и тие се јавуваат на повик и може да ги консултираат. Вработените да не потпишуваат нешто што не знаат и потоа да има последици по нив, порача Хавзиу.

До Инспекторатот, како што посочи, нема доставено пријави од граѓани дека Агенцијата за вработување не ги регистрира работниците на кои им престанал работниот однос по основ на престанок на важност на договорот за работа

Промовирани огласи »

 Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат оставени лични работи ќе може да го направат тоа во следните четири дена почнувајќи од денеска, во одредени периоди од деновите согласно со вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење.

Директорот на Државниот студентски дом „Скопје" Дарио Николовски на својот фејсбук-профил објави дека посетите на домовите ќе бидат дозволени денеска (вторник)  од 12 до 16 часот, а од утре (среда) до 10 април (петок) од 9 до 13 часот.

Николовски во објавата наведува дека оваа одлука е поради бројните барања на студентите и нивните потреби и напоменува дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици.

При посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите.

-Ги замолуваме сите студенти кои имаат потреба да ги посетат домовите да го направат тоа во следните четири дена бидејќи потоа тие ќе бидат затворени се до донесување позитивна одлука односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година, соопшти директорот на Државниот студентски дом. 

Промовирани огласи »

Како што информира Управата за јавни приходи исплатата за месеците јануари, февруари и март од МојДДВ, односно повратот на ддв ќе започне во мај 2020 година!

УЈП се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме истите ги ажурирале.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Тагови: Мој ДДВ УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »