Како што информира Управата за јавни приходи исплатата за месеците јануари, февруари и март од МојДДВ, односно повратот на ддв ќе започне во мај 2020 година!
УЈП се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме истите ги ажурирале.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.
Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.
Тагови: Мој ДДВ УЈП