Промовирани огласи »

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана  од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година.

 Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата.

Тој најави и дека надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

-За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, обезбедуваме брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие просечно ќе добиваат по седум илјади денари по домаќинство. Проценетиот опфат на преземените мерки изнесува околу 30 илјади нови домаќинства од неформалната економија и 30 илјади постоечки корисници, рече премиерот.

Во сетот мерки што ги донела владата е и мерката за одложување закуп за корисници на социјални станови .

-Се одложува плаќањето закупнина за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето и за закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука во однос на плаќањето на кириите на закуп кај сите закуподавачи, појасни премиерот Спасовски. /МИА

Промовирани огласи »

На социјалната мрежа Фејсбук група од неколку стотина членови на групата „Мајки на трудничко“, основана за сите мајки на кои им истекува породилното отсуство, бара продолжение на отсуството. Тие пишуваат, дека поради настанатата ситуација со коронавирусот не се во можност да ги остават нивните бебиња и да тргнат на работа.

Групата упатува барање до Владата на Македонија:

„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот, а и нашата земја, во услови кога градинките не работат, а и ризично е воопшто мајка која оди секојдневно на работа во работното време да се грижи за мало бебе, повикуваме на разбирање за нивната ситуација.“

Мајки кои се уште се во породилно отсуство, а кое треба да заврши во ден на вонредна состојба, во услови кога голем број работодавачи не дозволуваат користење годишен одмор, а боледувањето не е трајно решение, бараат од Владата да им се продолжи породилното отсуство додека трае вонредната состојба, односно негово времетраење од барем 12 месеци.

Промовирани огласи »

Здравите луѓе да не носта маски, повторно апелираат од Светската здравствена организација, нагласувајќи дека тие се потребни замо за оние кои се заразени со коронавирусот или пак за луѓето кои се грижат за пациенти.

Си Ен Ен ка пренесува изјавата на директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан, во која тој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски има потенцијални придобивки. Истовремено истакнува дека неправилната употреба на маските може само да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на вирусот.

Рајан вели дека според Светската здравствена организација, маските се единствено наменети за болните и за здравствените работници.

-Глобален проблем е недостатокот на маски и на други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствени работници кои се изложени секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е страшна, изјави Рајан.

Промовирани огласи »

Компании кои се погодени од кризата, меѓу нив и медиуми ќе добијат за април и мај субвенција од државата во износ од мимална плата или 14.500 денари месечно по работник. Сите функционери ќе земаат истовремено во тие месеци само по 14.500 денари односно минималец – а таква плата ќе има и претседателот на државата, премиерот, министрите, директорите. Ова се дел од пакетот 17 мерки кои Владата ги усвои како втор сет мерки за помош на македонската економија. Пред да ги соопшти, премиерот Оливер Спасовски рече дека ова е најголема закана по Втората светска војна. Рече дека од здравствен аспект презеле доста мерки кои даваат резултат. Со економските се надева дека ќе се овозможи нормално функционирање на буџетот и ќе се задржат што повеќе работни места. 

Со првата мерка, како што рече, предвидена е финансиска поддршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата 14.500 денари месечно по работник.

„Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза. Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Работодавачите, правни субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката МПИН на Управата за јавни приходи. Работодавачите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката - да не исплаќаат дивиденди на сопствениците како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот, да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година сезонскиот просек, рече Спасовски.

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.

Втората мерка е за сите спортски работници вработени во спортските здруженија - Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Како што рече Спасовски Владата ќе обезбеди месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50 отсто од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци.

„За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата, а најмногу до 80 проценти од просечна плата во РСМ на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, рече Спасовски.

Додаде дека нема да се намали платата на јавната администрација но само на избраните функционери.

„Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 денари во април и мај 2020 година. Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата сметано од декември 2019 од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година. Претседател на Влада, на државата, сите министри, директори, градоначалници и сите останати избрани и менувани на национално и локалано ниво ќе се применува уредбата, но не и за именувани во здравствени јавни установи, рече Спасовски.

Исто така претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршна и локална власта нема да земаат надомест за времетраење на кризата

Се носи мерка за надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија. За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство. Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни, како што беше и речено претходно. Од Владата соопштија и за одлуката за промена на условите за враќање на кредити кон банките за граѓаните.

„Кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70 отсто од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевање. Додека за кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности согласно потребите на компаниите. Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Со намалување на законската затезна камата СВТ кој до сега изнесуваше 51 отсто, сега се намалува на 31 проценти, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20 остто од одобрениот кредит, рече Спасовски.

Другите мерки се ослободување од плаќање закуп корисниците на социјалните станови, Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.

За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отварање на стечајни постапки.

Задолжително да се користи првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани - во јавниот сектор.

Да се отвори посебна наменска сметка во Владата за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

И мерката 17 е намалување на авторски хонорари. Лицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари, кои се истовремено некаде вработени ќе им се исплаќа 50 отсто помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано. Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »