Промовирани огласи »

 Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. 

Промовирани огласи »

Иако е многу непопуларно и веројатно може да биде силен удар врз потенцијално најранлива категорија сепак властите треба да бидат доблесни и да кажат од каде ќе најдат пари да ги покријат алиментациите за дупката во државниот пензиски фонд во кој месечно мора да влезат околу 90 милиони евра???

Од централниот буџет во првите два месеци годинава на државниот Фонд за пензиско осигурување се префрлени 182,5 милиони евра. Ова е најголемата пединечна расходна ставка на централниот буџет и таа е повеќе од двојно поголема од платите на буџетарите. За армијата јавна и државна администрација во првите два месеци за плати со надоместоци се исплатени вкупно 79,4 милиони евра и тоа е неспоредливо помал буџетски товар од државните исплати кон државниот Фонд за пензиско осигурување. Сепак Зоран Заев претседателот на најголемата владеачка партија СДСМ неодамна предложи во ек на кризната состојба предизвикана од пандемијата на вирусот COVID 19 за април и мај платите на целата администрација да се изедначат и да изнесуваат по 14.500 денари.

Но засега нема најава дека ќе се предложи некакво времено решение за промена на условите или редукција на износите за исплата на пензии на повеќе од 330.000 пензионери кои ги алиментира државниот пензиски фонд за кои од буџет секој месец се одделуваат големи износи на јавни пари.

Каква е состојбата со буџетските приходи и расходи и што ќе следи?

Во првите два месеци годинава според официјална и јавно допстапна евиденција на Министерството за финансии најголемите буџетски приходи се од ДДВ (нето) и тие изнесуваат 133,5 милиони евра, од акцизните стоки се собрале 64,3 милиони евра и од персоналец се собрани 47 милиони евра. На расходната страна најголемите трошоци се: исплатите од буџет кон државниот пензиски фонд ПИОМ изнесуваат 182,5 милиони евра, трошоците за корпусот здравствена заштита изнесуваат 78,8 милиони евра и платите на армијата буџетари однеле 79,4 милиони евра (иако дел од нив се вратиле во буџет преку персоналениот данок на доход).

Буџетскиот кусок (негативната разлика меѓу приходите и расходите на буџетот) за првите два месеци годинава изнесува вкупно 70 милиони евра и досега за само два месеци достигна 25 отсто од планираниот буџетски дефицит за цела година!!! 

А допрва следуваат тешките месеци март, април и веројатно мај во кои приходната страна на буџетот ќе биде силно погодена заради падот на економијата кој ќе биде последица на големото намалување на јавната и приватната потрошувачка и воопшто економската активност.

Ќе има ли секој месец по 90 милиони евра поддршка за државниот пензиски фонд? И од каде ќе дојде таа??? 

Промовирани огласи »

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити,, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација.

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица се од НЛБ Банка се одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

-Новите кредитни олеснувања што ги нуди Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но пред се ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели, наведуваат од НЛБ Банка.

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката и ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација. /МИА

Промовирани огласи »

Обврзниците на данок на доход од самостојна дејност и данокот на добивка имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020, соопшти Министерството за финансии. Примената на оваа владина уредба започнува денеска откако е објавена во службен весник.

Користење на оваа мерка важи за дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт. Шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт) за да се задржи ликвидноста и треба да се поднесе соодветно барање.

Оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење доколку вкупните проходи им се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40 отсто во однос на истиот период лани; бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во екномската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25 отсто од вкупниот број на вработени во месец февруари и даночниот обврзник затворил најмалку 50 отсто од продажните места преку кои го остварува профитот.

За да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност и да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник.

Физички лица кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата до три месеци по престанување на нејзината важност.

Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »