Промовирани огласи »

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити,, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација.

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица се од НЛБ Банка се одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

-Новите кредитни олеснувања што ги нуди Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но пред се ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели, наведуваат од НЛБ Банка.

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката и ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација. /МИА

Промовирани огласи »

Обврзниците на данок на доход од самостојна дејност и данокот на добивка имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020, соопшти Министерството за финансии. Примената на оваа владина уредба започнува денеска откако е објавена во службен весник.

Користење на оваа мерка важи за дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт. Шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт) за да се задржи ликвидноста и треба да се поднесе соодветно барање.

Оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење доколку вкупните проходи им се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40 отсто во однос на истиот период лани; бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во екномската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25 отсто од вкупниот број на вработени во месец февруари и даночниот обврзник затворил најмалку 50 отсто од продажните места преку кои го остварува профитот.

За да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност и да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник.

Физички лица кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата до три месеци по престанување на нејзината важност.

Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

Промовирани огласи »

Аплицирајте на некој од најактуелните огласи на KARIERA.mk!

Дел од најатрактивните огласи за изминатата недела!

Allocate Software со следниве отворени работни места:

DEVOPS ENGINEER: https://kariera.mk/job/OWjmIZSMSEGKKL09vJwEag/devops-engineer
SENIOR SOFTWARE ENGINEER: https://kariera.mk/job/ZRMY8tPH80qUL8KTRrAqaQ/senior-software-engineer
OFFICE ADMINISTRATOR: https://kariera.mk/job/YV4wWJ2UAEOU4dhZBDMeyg/office-administrator

Сана Транс е реномирана транспортна компанија, специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот сообраќај и има потреба од ЕКОНОМИСТ: https://kariera.mk/job/GCJDnCE-tEaZ3OmrG6toLQ/ekonomist

Нето плата од 700 до 900 евра! Фабрика "Foxcoon" во Република Чешка има потреба од ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО: https://kariera.mk/job/WVWZil-eXUaW2CD8p_k62A/operatori-vo-proizvodstvo-fabrika-foxcoon-republika-cheshka

Зегин вработува АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА на територијата на цела Македонијаhttps://kariera.mk/job/P0svUBkCLkC9eVKg4RofBg/asistent-za-prodazhba-cela-makedonija

ПЗУ Офталмомедика се наоѓа во Центар, Капиштец и е во потрага по МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: https://kariera.mk/job/5eor5oYEs0--S5tvJNLFLQ/medicinska-sestra

Промовирани огласи »

Владата ја донесе уредбата со која ќе се воведе одложување на исплатата на ратите од кредитите на граѓаните и фирмите, како и други поволности за клиентите на банките и штедилниците додека трае кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Иако во уредбата не се споменува конкретен период, министерката за финансии Нина Ангеловска, на прес-конференција на 22 март, кажа дека ќе има мораториум од три месеци за исплаќање на ратите, а, како што рече тогаш, некои банки се расположени и за повеќе од три месеци.

Промената на условите за исплата на кредитите ќе се изврши без да се посетуваат експозитурите и филијалите, и тоа преку:

-објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или
-одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

„Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена. За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена“, соопштија од Народна банка.

Банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности:

-одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;
-пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;
-пониска каматна стапка и сл.
-Ова важи за сите кредитни производи:
-потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;
-кредитни картички;
-дозволено пречекорување (одобрен минус)
-кредити на фирмите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »